Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Wednesday, April 16, 2014

Лицемерието на СДСМ го допре дното на разум


Портпаролот на СДСМ во Делчево, со гнев и погрдни зборови на интернет се нафрли врз нејзините сограѓани со кои растела и ден денес живее.
На својот личен профил оваа истакната политичка личност од редовите на опозицијата која како јавна личност во својство на Портпарол на опозициската СДСМ во изминатите месеци им се обраќаше на граѓаните на Делчево и цела македонска јавност, барајќи ја нивната подршка со крајно навредлив тон и вокабулар објави неколку статуси во кои истите тие граѓани и поединци ги нарекува: "морони", "прост народ", "битанги", "имбецил" итн.
Очигледно разочарана од катастрофалниот неуспех на сопствената партија на првиот круг од претседателските избори во недела, портпаролката јавно ја идентификуваше вината според нејзини критериуми и побара виновник кај сопствениот народ.
 За да биде дното на разум уште по ниско овој истакнат активист на СДСМ во Делчево државата во која растела и која и овозможила услови да се образува онаму каде што таа самата одбрала, Република Македонија- ја нарекува "Мизеридонија"...
Овој начин на комуникација ја покажува вистинската слика и мотиви на активистите и челниците на СДСМ, и нивните  ситно-партиски интереси и профитерство на дневна основа.
Ваквите изливи на крајно потценување на граѓаните е неприфатлив за едно модерно општество какво што е Република Македонија и секако овој начин на комуникација граѓаните го препознаваат и го осудуваат.
Графичките прикази во оваа статија се превземени youtube каналот на Телевизија Д1 од Делчево и од личниот профил на фејсбук на Портпаролот на СДСМ во Делчево.
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest