Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Friday, April 18, 2014

Галерија: Младите во Делчево на кафе со Премиерот на Република Македонија


Во петок 18.04.2014 година во посета на Делчево беше Премиерот на Владата на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г-динот Никола Груевски.
Во негова придружба беше и Министерот за здравство при Владата на Р.М. и носител на листата на кадидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за 3-та изборна единица, Никола Тодоров, заедно со кандидатот за пратеник од Делчево, Д-р Милка Христова и Градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански.
При посетата Премиерот Груевски беше пречекан со бурен аплауз од голем број на млади делчевчани во еден од кафе баровите во Делчево, кои се најдоа затекнати таму при посетата на премиерот.
Притоа Премиерот со младите имаше можност да поразговара за повеќе теми со младите од Делчево, при што ги афирмираше проектите од програмата "ПРОВЕРЕНО 2014-2018" на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа програма се вброени досега најголем број на проекти посветени на младите во Република Македонија, што претставува значаен развоен сегмент за иднината на државата и директна интервенција кон појавата на т.н. "одлив на мозоци", што започна по транзицијата пред 20-тина години.















blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest