Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Wednesday, April 30, 2014

Видео: Прес конференција 30.04.2014 год.


Почитувани сограѓани,

Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево им честита на сите жители на Делчево и сите граѓани на Република Македонија за покажаното високо ниво на граѓански капацитет и демократија во текот на изминатите Претседателски и Предвремени парламентарни избори.
Од мое лично име и од името Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја изразувам својата длабока благодарност за подршката која граѓаните на Општина Делчево ни ја укажаа на овие избори.

Упатувам посебна благодарност за сите претседатели на КИМ-ови и претседатели на Месни комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” во Делчево, официјално според Државната изборна комисија, освои 4707 гласови за листата за пратеници во македонскиот парламент во третата изборна единица, со убедлива победа на 27 избирачки места од вкупно 36 на територијата на општината. 

Ѓорге Иванов чија што кандидатура за претседател ја подржа ВМРО-ДПМНЕ, во Делчево победи со 5517 освоени гласови на исто така 27 избирачки места.

Оваа двојна победа е исклучително важна за иднината на нашата општина и државата вооопшто, која истовремено претставува уште поголема обврска за исполнување на зацртаната визија, преточена во конкретни проекти за реализација во наредниот период.

Сите заедно да се посветиме за овозможување на подобар и поквалитетен живот за сите граѓани на Македонија.

Ова се резултати за нови дела, за секој еден граѓанин на нашата општина и државата. 
Ова се резултати кои обврзуваат и ветуваат!
За развиено Делчево и просперитетна Република Македонија!

Ви благодарам.

blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest