Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Thursday, April 10, 2014

Прес:Кандидат за пратеник Милка Христова 10.04.2014 г.



Почитувани сограѓани,

Ми претставува особена чест што можам да Ви се обратам во својство на кандидат за ваш пратеник за претстојните предвремени парламентарни избори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”.
Особено ме радува фактот што во изминатите денови од почетокот на кампањата, во рамки на моите секојдневни средби со сите граѓани ширум Делчево и целиот регион, наидувам на топол и срдечен прием за широка подршка на промовираните проекти и политики од страна на мојата коалиција, за претстојните избори.
Оваа широка подршка за мене претставува голем мотив но и обврска за мое интензивно залагање и застапување на сите граѓани од третата изборна единица, вклучително и граѓаните од мојата општина Делчево, во собранието на Република МАкедонија
Како претставник на сите граѓани, моја цел е заедно со граѓаните да овозможиме континуитет на развојните политики на Владата на Република Македонија, претставени токму во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредниот мандат, во која се вклучени досега најголем број на проекти за жителите на Делчево, но и целиот источен плански регион.
Со посебен акцент за економските политики, за развојот на стопанството и животниот стандард на населението, оваа програма во себе содржи проекти за секој еден граѓанин во Република Македонија. Големите капитални проекти од инфраструктурен карактер предвидени за реализација, како во Делчево така и во цела држава, ке предизвикаат стратешки напредок за сите граѓани на подолг временски период. Млади лица до 28 години, пензионери, приватни стопанственици, индустрија, трговија, услужни дејности, ученици, студенти.... Сите граѓани на државата поединечно, ќе почувствуваат лична корист од имплементацијата на оваа програма за наредните четири години. 
Ова е наша заедничка цел која ке овозможи долгорочен напредок на Република Македонија во иднина.
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest