Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Thursday, March 8, 2012

Срекен 8-ми Март до сите припаднички на понежниот пол во општина Делчево и во Република Македонија


Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Општинскиот Комитет во Делчево, на сите припаднички на женскиот пол како во општина Делчево така и во цела Република Македонија, и на сите жени им го честита 8-ми Март-Денот на жената. 
Во четврток 08.03.2012 година во центарот на Делчево членовите на подмладокот на ВМРО ДПМНЕ  од Делчево  се придружија на масовната акција за дарување на цвеќе во знак на внимание, која што беше спроведена на целата територија во државата од страна на сите општински комитети на УМС на овој празничен ден.
Со оваа акција најмасовниот политички подмладок во Република Македонија, ја истакна својата почит и внимание кон значењето и улогата која што ја имаат жените во секојдневниот општествен живот во Република Македонија. 
Жената во Република Македонија е столб на интегритет во семејството, подршка и двигател на целокупниот општествен живот во државата. Жената го заслужува вниманието во текот на цела година, а 8-ми март секоја година, треба да биде круна на тоа внимание. Жените заслужуваат почит но и улога, еднаква на онаа кон мажите.
Овие постулати Република Македонија го има всадено во сопственото државно ткиво, а ВМРО ДПМНЕ во целост ги развива и унапредува овие вредности, инкорпорирани во своите програми и политики на секојдневна основа.
Жената-олицетворение на љубов, напредок и развој.

СРЕКЕН 8-МИ МАРТ .
УМС на ВМРО ДПМНЕ
Општински комитет
Делчево
Во продолжение објавуваме неколку фотографии од овој настан:

Акција на УМС на ВМРО ДПМНЕ ОК Делчево по повод 8-ми Март-Дeнот на жената
blogger

Saturday, March 3, 2012

Прес на Диме Спасов (03.03.2012)

blogger

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest