Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Saturday, April 30, 2011

Изјава на Сашо Стефаноски (30.04.2011)

blogger

Груевски за отчетот на ВМРО ДПМНЕ 2006 - 2011 (27.IV.2011)

blogger

Thursday, April 28, 2011

Бранко НЕ Е опседнат со Никола Груевски

blogger

Проекција на филмот "Заколнати за Македонија" во Делчево

Во организација на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ ОК Делчево денеска (Четврток 28.04.2011 год) ке се реализира проекција на документарниот филм "Судени за Македонија", кој документарно и хронолошки ја обработува епопејата на ВМРО од основањето на организацијата во 1893 година, па се до 1934 година.  Во рамки на проекцијата ке биде изведена Монодрама подготвена од членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ во Делчево.

blogger

Tuesday, April 26, 2011

Институт Прогрес = СДСМ

blogger

Нова спортска Арена - ВМРО - ДПМНЕ (26.04.2011)

blogger

Отворени новите простории на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Делчево


На пригодна свеченост во Понеделник 25.04.2011 година свечено беа осветени и пуштени во употреба новите простории на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Делчево. На свеченоста присуствуваа околу 300 поканети граѓани од општина Делчево, а црвената лента имаше чест да ја пресече г-динот Влатко Ѓорчев-пратеник во Собранието на Република Македонија, заедно со Претседателот на Општинскиот изборен штаб во Делчево, г-динот Тони Трајановски.

Пред присутните г-динот Влатко Ѓорчев одржа пригоден говор, при што на членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во Делчево им ги честита новите простории и посака реализација на голем број на проекти кои ке доживеат своја материјализација преку политиките кои ВМРО ДПМНЕ ги спроведува на локално ниво, а со кои видно ке се подобри квалитетот на живеење на сите граѓани во општината, надградувајки ја досегашната позитивна практика на работа на партијата и партиските органи, преку која беа реализирани голем број на проекти со кои коренито се промени ликот на општината. Новите простории на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Делчево ги освети со света вода Протоереј Атанас Поповски од Делчевското архиерејско намесништво, и им посака на сите граѓани кои ке ги користат овие простории плодна и успешна работа, за подобрување на животот на сите граѓани на општина Делчево.

Со подршка од централната власт на Владата на Република Македонија предводена од Претседателот на ВМРО ДПМНЕ и Премиер на Р.Македонија, г-динот Никола Груевски, како и сите министерства и агенции на Владата, реализирани се капитални инвестиции во општина Делчево во огромен број, преку изградба на двете нови спортски сали во дворовите на СОУ ММ Брицо и ООУ Св.Климент Охридски, изградба на локални и регионални патишта и улици, инвестиции во земјоделието од преку 1.5 милиони евра-доделени како директна подршка на примарното производство преку субвенции, подршка на наталитетот, законски регулативи за откуп на дворните места, легализацијата на дивоградбите, подобрување и реконструкција на патната инфраструктура на регионалниот пат М-5, и патот кон врвот на планината Голак, туристичка промоција и туристичка инфраструктура на општината и регионот, поставување на нови водоводни и канализациони системи во с.Габрово, населба 3-ти реон, проекти кои веќе се реализирани и изградба на нови целосни канализациони системи на селата Град и Вирче во 2011 и почетокот на 2012 година со вкупен износ на чинење на реализацијата на проектите од 700 илјади евра.

Исто така во функција на општ развој од повеке области е политиката на ВМРО ДПМНЕ на локално ниво преку реализирање на Програмата на Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, кој ја доби довербата на граѓаните на Делчево на локалните избори во 2009 година а кој доаѓа како кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, како и мнозинството на советници во Советот на општина Делчево.

Патна, канализациона и водоводна инфраструктура, мерки за подршка на наталитетот во општината, културна и туристичка  афирмација на истата, мерки за справување со социјалните предизвици, подршка на образованието во сите нивоа присутни во општината, комунални проблеми, носење на Детални урбанистички планови и планска документација, справување со еколошките проблеми како и со менаџирањето со отпадот, подршка и промоција на спортот како и изградба и реконструкција на спортските терени на територијата на општина Делчево, соработка со НВО секторот и сите  организирани групи , како и со ромската и сите останати заедници во општината.


Интер религиска соработка и партнерство на највисоко можно ниво во насока на подобрување на животниот стандард на населението, со заемен респект и толеранција, како и почит на различностите и богатството од идеи и мислења помеѓу сите граѓани на општина Делчево и државата, е основен патоказ според кој политиките на ВМРО ДПМНЕ добиваат свој полн интензитет на конструктивна соработка и создавање на вредности според кои се темели современата политика на ниво на Европска унија и целиот свет.

Реализирани се голем број на проекти од локално значење кои се под ингеренции на Градоначалникот, а постои најава за реализација на уште поголем број на проекти, кои се вклучени во Изборната програма на Градоначалникот од 2009 која секојдневно се дополнува со нови проекти во соработка со сите граѓани на општината, раководејки се од својот неприкосновен пристап на воспоставување на широка соработка со локалното население преку урбаните и руралните заедници на општината. Целокупната работа на Градоначалникот како и ЕЛС Делчево секојдневно може да се следи на официјалниот сајт на општина Делчево www.delcevo.gov.mk  каде се објавуваат сите актуелни информации поврзани со работата на ЕЛС Делчево.

ВМРО ДПМНЕ во општина Делчево е изградена политичка партија со капацитет и потенцијал на луѓе и кадри кои секојдневно со сопствените знаења и расположиви ресурси темелно и плански ја спроведуваат сопствената политика, која недвосмислено е во духот на пораката: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, со принципи на чесност, знаење, вредности кои директно произлегуваат од Доктринарниот документ на партијата, преку Програмите за работа и Акционите планови за спроведување, кои доследно и во целосна мерка се спроведуваат на сите нивоа од партиската хиерархија.

Кога ВМРО ДПМНЕ нешто ке вети-тоа и го исполнува!
Сите фотографии од свеченоста на пуштањето во употреба на новите простории на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Делчево може да се погледаат тука.
blogger

Tuesday, April 12, 2011

Sunday, April 10, 2011

Посета на Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на Делчево


Во недела 10.04.2011 година во рамките на редовните програмски активности на највисокото извршно тело-Извршниот комитет на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, во редовна програмска посета на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Делчево беше Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на Република Македонија, г-нот Диме Спасов, заедно со организациониот секретар на 3-та Изборна единица м-р Дамјан Мирчевски.
blogger

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest