Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Thursday, April 10, 2014

Прес 10.04.2014 г. Реакција на прес на СДСМ (+playlist)



Почитувани,
Изненадени сме од обидите на СДСМ да им забранат на жителите на село Габрово со сопствена работна сила да си го подобрат животниот стандард за себе и за своите семејства.
Овој крајно неодговорен обид од страна на раководството на СДСМ во Делчево говори само во прилог на нивните лицемерни мотиви и политики, преку кои би направиле сѐ, единствено за своите ситно-партиски и лични интереси на поединци во нивната партија, а на штета на својот народ.
Факт е дека дел од жителите на село Габрово сами со сопствени сили работат на поплочување на селскиот ендек кој истовремено го користат и за пристап кон своите домови. Факт е дека овие семејства повеќе нема да газат кал по овој ендек во рамки на нивното секојдневие.
Овие факти не треба да ги плашат и обесхрабруваат челниците на СДСМ во Делчево! Тоа се истите тие челници кои крајно лицемерно се декларираат јавно дека работат за интересите за својот народ. 
Наместо да помогнат на жителите во Габрово на било каков начин, во нивните напори за подобрување на нивното секојдневие, во СДСМ во Делчево се занимаваат со постојани опструкции и омаловажувања на се што се работи во Делчево, дури кога тоа го работат и самите жители на општината.
Жителите на село Габрово заслужуваат улица онаму каде според сите карактеристики истата може регуларно да биде изградена. Иако беше планирана до сега да се изгради во изминатите два месеци, повторно поради притисокот на СДСМ да не се гради пред избори, истата беше одложена за покасно. Изградба на оваа улица е планирана во текот на средината на тековната година.
Овој крајно потценувачки начин на ситно политиканство, е одамна осудена политичка категорија, која граѓаните и на претстојните претседателски и парламентарни избори повторно катастрофално ке ја поразат.
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest