Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Saturday, March 22, 2014

Партиската машинерија на ВМРО-ДПМНЕ под полн погон


Со наближување на почетокот на кампањата за Претседателските избори и Предвремените парламентарни избори 2014 год. во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево врие како во кошница. Покрај просториите на централниот штаб во центарот на Делчево во општинскиот комитет во функција се ставени и 20-тина месни комитети комитети низ цела општина Делчево (и во градот и во руралните места).
Буквално се бара термин повеќе за закажување на состанок или средба на партиските тела, како помеѓу себе така и со граѓаните.
ЦЕЛАТА ПАРТИСКА "МАШИНЕРИЈА" Е СТАВЕНА ВО ПОГОН ВЕЌЕ 6 МЕСЕЦИ НАЗАД, НО АКТИВНОСТИТЕ КУЛМИНИРААТ ДЕНОВИВЕ, ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА КАМПАЊАТА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ.
Забележителна е победничка еуфорија и големиот елан и посветеност за работа на сите партиски тела.

Сите партиски комисии функционираат согласно сопствените програми, Општинскиот комитет е со особено збиена агенда за работа, Унијата на жени е во полн капацитет на работење, за што евидентни се низа на акции и активности во изминатиот период, како и најголемата сила на партијата која секогаш предничела во партиските активности и настани: УМС на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Делчево.
Она што е евидентно е фактот што сите структури на граѓани, од различни профили на образование, возраст, социјална припадност во Делчево, си наоѓаат свое место во партиската структура и хиерархија во сите органи на партијата на локално ниво, со што соодветно можат да допринесат во крајна цел за развојот на нашата општина во генерални рамки.
Разноврсноста и застапеноста на огромен број на активности и мерки за практицирање на политички живот во Делчевво е доволен и неопходен гарант за оставање на личен белег на секој член но и симпатизер на партијата во Делчево да остави свој личен белег за подобрување на стандардот на своите сограѓани  во блиска и подалечна иднина.
Она што уште пред повеќе месеци беше објавено како јавен повик за вклучување на граѓаните (независно дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ или не, доволно е само да ги подржуваат политиките на Владата на Никола Груевски), во работата на овие партиски тела, се покажа како особено позитивна пракса која веќе дава резултати. Мнозинството на граѓани ги препознаваат овие придобивки за граѓанско функционирање на партијата, во функција на сите граѓани независно од нивната партиска припадност, за брз развој и подобрување на севкупниот стандард на населението, поради што и масовно се приклучуваат на работата на партиските структури, како во Делчево така и во цела држава.
Секако во претстојниот период ке бидат промовирани уште голем број на мерки и активности, кои истовремено можат да бидат надградени од било кого, за да го постигнат посакуваниот ефект за развој и во интерес на Република Македонија.

blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest