Исто така во функција на општ развој од повеке области е политиката на ВМРО ДПМНЕ на локално ниво преку реализирање на Програмата на Градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, кој ја доби довербата на граѓаните на Делчево на локалните избори во 2009 година а кој доаѓа како кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, како и мнозинството на советници во Советот на општина Делчево.
Патна, канализациона и водоводна инфраструктура, мерки за подршка на наталитетот во општината, културна и туристичка афирмација на истата, мерки за справување со социјалните предизвици, подршка на образованието во сите нивоа присутни во општината, комунални проблеми, носење на Детални урбанистички планови и планска документација, справување со еколошките проблеми како и со менаџирањето со отпадот, подршка и промоција на спортот како и изградба и реконструкција на спортските терени на територијата на општина Делчево, соработка со НВО секторот и сите организирани групи , како и со ромската и сите останати заедници во општината.
Интер религиска соработка и партнерство на највисоко можно ниво во насока на подобрување на животниот стандард на населението, со заемен респект и толеранција, како и почит на различностите и богатството од идеи и мислења помеѓу сите граѓани на општина Делчево и државата, е основен патоказ според кој политиките на ВМРО ДПМНЕ добиваат свој полн интензитет на конструктивна соработка и создавање на вредности според кои се темели современата политика на ниво на Европска унија и целиот свет.
Реализирани се голем број на проекти од локално значење кои се под ингеренции на Градоначалникот, а постои најава за реализација на уште поголем број на проекти, кои се вклучени во Изборната програма на Градоначалникот од 2009 која секојдневно се дополнува со нови проекти во соработка со сите граѓани на општината, раководејки се од својот неприкосновен пристап на воспоставување на широка соработка со локалното население преку урбаните и руралните заедници на општината. Целокупната работа на Градоначалникот како и ЕЛС Делчево секојдневно може да се следи на официјалниот сајт на општина Делчево www.delcevo.gov.mk каде се објавуваат сите актуелни информации поврзани со работата на ЕЛС Делчево.
ВМРО ДПМНЕ во општина Делчево е изградена политичка партија со капацитет и потенцијал на луѓе и кадри кои секојдневно со сопствените знаења и расположиви ресурси темелно и плански ја спроведуваат сопствената политика, која недвосмислено е во духот на пораката: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, со принципи на чесност, знаење, вредности кои директно произлегуваат од Доктринарниот документ на партијата, преку Програмите за работа и Акционите планови за спроведување, кои доследно и во целосна мерка се спроведуваат на сите нивоа од партиската хиерархија.
Кога ВМРО ДПМНЕ нешто ке вети-тоа и го исполнува!
Сите фотографии од свеченоста на пуштањето во употреба на новите простории на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Делчево може да се погледаат тука.
Сите фотографии од свеченоста на пуштањето во употреба на новите простории на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Делчево може да се погледаат тука.
0 коментари:
Post a Comment