Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Wednesday, April 9, 2014

Прес 09.04.2014 г. Препознавање на проектите од страна на граѓаните (Интегрален текст + видео)


Почитувани претставници на медиумите,

Граѓаните на Општина Делчево во континуитет ги препознаваат проектите и реформските политики на ВМРО-ДПМНЕ за развојот на Делчево и Република Македонија.
Несомнено големиот интерес и подршка од страна на сите граѓани до кои допре програмата "Проверено-проекти кои што докажано се остваруваат", претставува голема обврска за нас како партија, која со целиот свој кредибилитет го понуди досега најголемиот и најквалитетниот пакет на проект за реализација за еден мандат на Владата на Република Македонија.
Оттука сакам да го изразам своето огромно задоволство од позитивниот прием на предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните предвремени парламентарни избори помеѓу граѓаните на Делчево. 
Станува збор за програма со над 2000 проекти со точно дефиниран рок за реализација, предвиден буџет за имплементација и карактеристичен опис преку кој може да се согледа широкиот ефект и позитивни промени кои значително ке го подобрат стандардот на сите жители на Република Македонија.
Секој граѓанин од нашата општина може да се пронајде себеси во повеќе проекти преку кои ке го почувствува својот личен бенефит и подобрување на личниот и семејниот стандард на живеење.
Овој промовиран концепт на сеопфатност и повеќеслоен позитивен ефект за развој, досега непознат во македонската јавност, несомнено претставува сосема ново ниво на политичка култура и политичка зрелост, каква што граѓаните заслужуваат во согласност со сите модерни општествени текови.
Општина Делчево во оваа програма е застапена со седумнаесет директни проекти и мерки, со над стотина директни економски мерки за висок и одржлив раст, како и над 300 индиректни проекти кои се однесуваат за граѓаните на Делчево.
Нашата општина со овие квантитативни и квалитативни факти, како општина е ставена во фокусот на идната влада на Премиерот Никола Груевски, што ке предизвика брз раст на целокупниот стандард за жителите на Делчево.

Ви благодарам
Делчево,09.04.2014 година
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest