Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Tuesday, April 1, 2014

Прес 01.04.2014: Видео и Интегрален текст


Во продолжение интегралниот текст од прес конференцијата.
Ништо ново во СДСМ!
Почитувани сограѓани,
стана редовна пракса во
општинската организација на СДСМ на своите прес конференции пред делчевската
јавност да манифестираат недостиг на познавање на елементарна техничка терминологија.
Дали во СДСМ знаат што значи
урбанизиран дел на Делчево или не знаат, нема да коментираме, за што оставаме
на јавноста да пресуди и да си изгради сопствено мислење за нивните сваќања.
Акцијата за чистење и уредување
на течението на река Габровчица во урбанизираниот дел од Делчево е повеќе од
успешна и потребна акција, за што говори и позитивната реакција на граѓаните од
овој дел од градот, по чие што барање е реализирана истата.
Со секоја ваква активност како
што е чистењето и уредувањето на природните водотеци во Делчево, очигледна е
немоќта и поразот на СДСМ од реализираните активности, затоа што во нивно време
ваквите акции беа мисловна именка.
Дотолку повеќе што поради оваа
своја немоќ излегуваат на смешни прес конференци, само колку да се биде
присутен во јавноста, при што ги деградираат и онака малкуте свои членови кои
знаат за што станува збор, кога се каже дека уредувањето и чистењето на
Габровчица се однесува на урбанизираниот
дел од градот.
Исто така можеме да ја разбереме
лажната небулоза на раководството на СДСМ претставена пред јавноста, дали имало
или немало градежна машина со која се извршени земјените работи. Притоа со
разбирање ја оправдуваме ваквата состојба дека во недостиг на доволен број на
човечки ресурси во СДСМ можат да постигнат да следат се што се работи од страна
на општина Делчево.
Празната демагогија и лиферување
на неточни информации од страна на СДСМ, во јавноста, говори само за состојбата
во нивните сопствени редови, за што неминовно трпат повеќе политички порази во
континуитет.
Граѓаните со право укажуваат на
овие факти во изминатите неколку изборни циклуси, а СДСМ повторно продолжува по
старо, без притоа да понудат барем малку свежина во своето работење.


Ви благодарам.

Делчево, 01.04.2014 година
ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево
Прес центар
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest