Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Sunday, April 10, 2011

Посета на Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на Делчево


Во недела 10.04.2011 година во рамките на редовните програмски активности на највисокото извршно тело-Извршниот комитет на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, во редовна програмска посета на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Делчево беше Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ на Република Македонија, г-нот Диме Спасов, заедно со организациониот секретар на 3-та Изборна единица м-р Дамјан Мирчевски.

Целта на оваа посета беше запознавање на претседателот Диме со актуелните состојби во општина Делчево, како и покренување на иницијативи за понатамошна соработка во сите сфери на општественото живеење и афирмација на младинските политики во рамките на целокупниот живот во државата. 

Во текот на посетата претседателот и организациониот секретар заедно со членовите на општинскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ во Делчево направија прошетна обиколка низ центарот на Делчево, со што имаа можност да ги посетат реализираните проекти и оние кои се во тек на реализација од страна на институциите на државата како на државно така и на локално ниво, со кои наголемо се менува изгледот на градот, добивајки современи содржини кои се во функција на развојот на општина Делчево во целост, и подобрување на квалитетот на живеењето на младите луѓе во општината.


blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest