Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Sunday, July 11, 2010

ПОВИК За кандидирање на кандидати за Претседатели и членови на Комисии на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Согласно одлуката на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на член 28, став 1, алинеа 13 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Повикза кандидирање на кандидати за Претседатели и Членови на комисии во рамките на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и тоа за: Комисија за Култура, Комисија за Образование, Комисија за Економија, Комисија за Правни работи, Клуб на Политиколози, Комисија за ИТ, Комисија за Спорт, Комисија за Маркетинг, Комисија за Здравство, Комисија за Човечки ресурси, Комисија за Енергетика и Комисија за Односи со јавност.
Кандидатите за Претседатели или Членови на Комисиите на Унијата на млади сили треба да се членови на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на доставување на кандидатурата.
Кандидидатите за Претседател на Комисија иа УМС на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивационо писмо, биографија (cv) и програма за работа со точно утврдени рокови, за Комисијата за чиј Претседател се кандидираат.
Кандидатите за Членови на Комисиите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават биографија (cv) и мотивационо писмо во кое ќе ги образложат мотивите за членстео во една од Комисиите.
Кандидатите за Претседатели и Членови на Комисиите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ потребните материјали треба да ги достават до Седиштето на Партијата во Скопје (ул. Македонија 17а) најдоцна до 31.07.2010 година, од денот на објавување на овој Повик.
По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор од страна на комисија.
Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени од страна на секој кандидат.
По завршувањето на процедурата за избор секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, по негово сопствено барање.

Со почит
ВМРО-ДПМНЕ
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest