Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Saturday, July 17, 2010

За Вмро Дпмне

Внатрешна Македонска Револуционерна Оргнизација - Демократска Партија За Македонско Национално Единство или скратено ВМРО-ДПМНЕ е една од најголемите политички партии во Македонија. Партијата се класифицира како народна партија со демохристијанска ориентација. 
Името на партијата доаѓа од Внатрешната Македонско Револуционерна Оргнизација создадена во 1893 година. Партијата се смета себеси за идеолошки наследник на првобитната ВМРО. Едновековното постоење и опстојување на ВМРО е директен одраз на борбата на македонскиот народ и на сите граѓани за национално ослободување и желбата за создавање на самостојна и сверена македонска држава. ВМРО се појавила како самостојна со цел да го организира, подготви и поведе македонскиот нрод за национално ослободување. Првиот чекор во создавањето на на ВМРО, го направиле група на македонски интелектуалци во есента во 1983 година. Илинденското востание и Крушевската Република претставуват круна на револуционерниот и ослободителниот стремеж на членовите на ВМРО за извојување на своја државност. ВМРО директно и индиректно земал учество и во Младотурската револуција, во двете балкансите војни, и во Првата светска војна. По завршувањето на Втората светска војна и ослобудувањето на Македонија , членовите и симпатизерите на ВМРО повторно ги воскреснале историските идеи на организацијата. Незадоволни, членовите на ВМРО биле главни носители на политичката опозија во комунистичката Македонија. Неприфаќајки го статусот на Македонија во рамките на Југословенската Федерација членовите на ВМРО организрале бројни тајни политички огранизации и групи, од кој најголемиот број од нив го носеле името ВМРО а главна цел им било: создавање на самостојна, независна и демократска држава, со воспоставен систем на слободна и пазарна економија. Борбата за самостојна Македонија продолжила и во периодот на стекнување на независност во 90 години на 20 век. Тогаш на 17 јуни 1990 година се формирала ВМРО-ДПМНЕ, кое станала правно лице со регистрацијата на 5 август 1990 година. За Нејзин прв претседател бил избран Љупчо Георѓиевски. На парламентарните избори во 2002 година ВМРО-ДПМНЕ настапува во коалиција со Либерална партија но ги изгубила изборите и преминала во опозиција. На партискиот конгрес во Охрид во мај 2003 година Љупчо Георѓиевски се повлекол од лидерската функција а на негово место за претседател на партијата е избран Никола Груевски. Во 2006 година коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победила на парламентарните избори во 2006 година и партијата формирала влада на чело со Никола Груевски. На 15 мај 2007 година, ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со статус на набљудувач во Европската народна партија. ВМРО-ДПМНЕ како наследник на историското ВМРО секогаш било во првата линија во борбата за демократско етабилирање на Република Македонија. Под закрилата на оваа идеја била промовирана македонската валута, константно била афирмирана политичката ориентација за членство на Македонија во Северноатланската договрна алијанса ( НАТО ) и за продлабочување за Стратешкото партнерство со Соединетите Амеркиански држави ( САД ) била поднесена првата декларација за членство на Македонија во Европската Унија , беше подготвена и започна реализацијата за првата сеопфатна програма за економски препород и развој на Македонија. Денес, ВМРО-ДПМНЕ е крајно решена во намерата да ја извојува политичката битка за крај на транзицијата и за поскорашно етабилирање на Македонија во меѓународните односи, како полноправна членка на НАТО и на ЕУ.
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest