Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Thursday, July 15, 2010

ГРУЕВСКИ: ИНТЕНЗИВИРАНИ АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ИМЕТО, НО СЕ УШТЕ НЕМА КАКВО БИЛО РЕШЕНИЕ

Во последно време интензивирани се активностите околу прашањето за името, има и зачестени контакти на премиерско и министерско ниво и одредено подобрување на климата во меѓусебните релации, но се уште нема какво било решение за проблемот, изјави денеска во Сараево македонскиот премиер Никола Груевски.

- Во последните месеци постои интензивна активност на медијаторот Нимиц со надеж дека од тие консултации може да произлезе нешто што ќе придонесе да се дојде до решение и во тој контекст ние сме поддржувачи на процесот. Има и интензивирани контакти на премиерско ниво и на ниво на министрите за надворешни работи и од тој аспект донекаде има подобрена клима, но се уште нема какво било решение во однос на прашањето кое не оптоварува долг период, рече Грувски одговорајќи на новинарско прашање по средбата со претседателот на Советот на министри на БиХ Никола Шпириќ.

Претседателот на Владата на Македонија е во официјална посета на Босна и Херцеговина. Освен со Шпириќ, Груевски во Сараево треба да се сретне и со Харис Силајџиќ претседавач со Претседателството на БиХ, како и со Небојша Рамадановиќ и Желјко Комшиќ членови на Претседателството.

Шефот на македонкста Влада ќе ја пoсети и Бања Лука каде што ќе има средба со претседателот на Владата на Република Српска Милорад Додик.
Превземено од официјалната страна на ВМРО ДПМНЕ http://vmro-dpmne.org.mk
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest