Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Monday, July 19, 2010

Унија на Ветерани

ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА УНИЈА НА ВЕТЕРАНИ

Со овој деловник се утврдува вантрешната организација, начинот на работа, постапката на избор на органите на Унијата на Ветераните како и правата, обврските и одговорностите на Унијата на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ.

Член на Унија на ветерани може да биде секое лице кое било прогонувано за идеите на ВМРО, како и лице постаро од 65 години, државјанин на Република Македонија и е член на ВМРО-ДПМНЕ, и ги прифаќа целите и задачите на Унијата на ветераните.
Унијата на ветерани може да има почесни членови.

Права и обврски на Унијата на Ветерани се:
       ·         Да учествува во работата на Унијата на Ветерани
·         Да биде информиран за активностите на Унијата на ветерани
·         Да избира и да биде избран во органите на нијата на ветерани
·         Да се придржува на програмските документи и Статутот на партијата
·         Да го чува угледот на партијата
·         Членот на Унијата на ветерани сноси одговорност доколку неговата активност е спротивна на Статутот и програмата на партијата.


Членство во Унијата на ветераниите може да престане со:

·         Изјава за доброволно истапување од членство во партијата
·         Изјава за доброволно истапување од членство во Унијата на ветерани
·         Исклучување од Партијата поради дејствување спротивно на Статутот и програмта на партијата
·         Зачленување во друга партија
·         Настапување на смрт или трајно губење на деловната способност.


Внатрешна организација и органи на Унијата на ветераните

Членовите на Унијата на ветераните се организираат на територијален
принцип и тоа на:

·         Општинско ниво
·         Републичко ниво

Органи на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ се:

·         Општинска конференција на Унија на ветерани
·         Републичка конференција на Унија на ветерани



Општинска конференција на Унија на ветерани

* Општинската конференција е основен облик на организирање на
Унијата на ветерани.

* Одлука за основање на општинска конференција донесува
републичката конференција.

* Членови на општинската конференција се ветераните, членови на
Унијата на ветерани кои што живеат на територијата на општината

Општинската конференција:

* Го разгледува годишниот извештај за работата на претседателството
на општинската конференција за претходната година

* Усвојува програма за работа во наредната година на
претседателството на општинската конференција

азгледува други прашања во согласност со Деловникот                                                                                                                        



- Општинската конференција одржува собрание еднаш годишно или по
потреба.
- На годишното собрание задолжително се покануваат и членовите на
општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.



Претседателство на Општинска конференција:

* Co работата на општинската конференција раководи претседателство
од 7 членови.

* Кандидат за член на претседателството на општинската конференцмја
може да предложат 5 членови на општинската конференција.
Претседателството на општинската конференција се избира со јавно
гласање.

* За избрани членови на претседателството на општинската
конференцијаќе се сметаат првите 7 со најголем број на гласови

* Претседателството на општинската конференција на предлог од 3
члена од претседателството на општинската конференција со
мнозинство гласови избира претседател на општинската
конференција.

* Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дава согласност на изборот на претседател на општинската конференција

* На предлог на претседателот на општанската конференција,
претседателството од своите редови избира потпретседател и
секретар со мнозинство на гласови. Мандатот на претседателството
трае 4 години.


Претседателството на Општинската конференција:

·         донесува програма за работа
·         зазема ставови за политичката активност на членовите на Унијата на ветерани и го насочува нивното дејствување кон суштествените политички
·         прашања од интерес за Партијата и Унијата на ветерани
·         создава услови за сестрано вклучување и постојано ангажирање на членовите на Унијата на ветерани од подрачјето на општината
·         претресува прашања од суштинско значење за Партијата и дава предлози
·         за нивно разгледување пред општинскиот комитет на Партијата и пред републичката конференција
·         изготвува извештај за својата работа најмалку еднаш годишно или по барање на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
·         основа комисии



Претседателот на општинската конференција во рамките на своите
права и обврски:

·         го претставува општинската конференција и претседателството на општинската конференција
·         ги свикува и претседава на седниците
·         го потпишува записникот и другите акти што ги донесува претседателството на општинската конференција и општинската конференција
·         се грижи за остварување на програмата на Партијата и програмата на Унија на ветерани
·         се грижи за доследно спроведување ка Деловникот за работа на Унијата на ветерани
·         учествува во работата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
·         врши и други работи согласно овој Деловник



- Претседателот на општинската конференција за својата работа
одговара пред претседателот на Републичката конференција и пред
општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

- Потпретседателот на претседателството на општинската конференција
врши определени работи од делокругот на претседателот што тој ќе
му ги довери.

- Потпретседателот на општинската конференција го заменува
претседателот во случај на отсутност или спреченост.

- Потпретседателот за својата работа одговара пред претседателот и
претседателството на општинската конференција

Секретарот на општинската конференција:

* му помага на претседателот на општинската конференција во
подготвувањето и организирањето на седниците на претседателството
на општинската конференција и општинската конференција

* води записник на седниците

* примерок од усвоениот записник редовно да доставува до
општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и до републичката
конференција

* се грижи за повикувањето на членовите на седница и доставувањето
на материјалите на членовите на претседателството на општинската
конференција

* врши и други работа што ќе му ги довери претседателот на
општинската конференција и општинскиот комитет.

* Секретарот за својата работа одговара пред претседателот и пред
претседателството на општинската конференција.

Функцијата претседател, потпретседател, секретар и член на
општинската конференција престанува:

·         во случај на смрт
·         ако биде разрешен
·         ако поднесе оставка во писмена форма


- Предлог за разрешување на претседателот можат да поднесат
најмалку 3 члена од претседателството на општинската конференција

- Предлог за разрешување на претседателот може да донесе
општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

- Одлуката за разрешување на претсеателот на општинската
конференција се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број
членови на претседателството на општинската конференција

- Претседателството на општинската конференција е должко
разрешувањето од став 2 на овој член да го изврши во рок од 15 дена
од поднесувањето на предлогот

- Доколку претседателството на општинската конференција не постапи
согласно став 4 на овој член се смета дека претседателството е
распуштено.

- Предлог за разрешување на потпретседателот, секретарот и член
можат да поднесат претседателот на општинската конференција или
најмалку 3 члена од претседтелството на општинската конференција

- Одлука за разрешување се донесува со мнозинство гласови од
вкупкиот број членови на претседателството на опоштинската
конференција.

Начин на работа на претседателството на Општинската Конференција:

* Претседателството на општинската конференција се состанува по
потреба, a најмалку еднаш на три месеци.

* Претседателството на општинската конференција работи и одлучува
на седница.

* Седниците на претседателството на општинската конференција ги
свикува претседателот на општинската конференција





- Поканата за седница се испраќа на сите членови на претседателството
на општинската конференција на Унијата на ветерани по правило 5
дена пред денот определен за одржување на седницата

- Заедно со поканата на членовите им се доставува и предлог на
дневниот ред, записникот од претходната седница и соодветниот
материјал што ќе биде предмет на разгледување на седницата

- По исклучок, во итни случаи, претседателот на општинската
конференција може да свика седница на претседателството на
општинската конференција во рок покус од 5 дена, а дневниот ред да
го предложи на самата седница.

Членот на претседателството на општинската конференција има право
и должност:

·         да присуства на седниците на комитетот
·         да предлага претресување на определени прашања
·         да учествува во претресувањето и одлучувањето по прашањето за кое се расправа на седницата на претседателството на општинската конференција
·         врши и други работи што ќе му ги довери претседателот на претседателството на општинската конференција

* Членот кој од оправдани причини е спречен да присуствува на
седницата на претседателството на општинската конференција

* должен е за тоа благовремено да го извести претседателот или
секретарот на општинската конференција.

* За присуствувањето на членовите на седниците на претседателството
на општинската конференција се води евиденција

* Ветераните функционери од подрачјето на општината имаат право да присуствуваат на седниците на претседателството на општинската конференција и да учествуваат во нивната работа без право на
одлучување.

* Член на претседателството може на почетокот на седницата да
предложи на дневен ред на таа седница на општинската конференција
да се стави определено прашање, но е должен да ја образложи
итноста на тој предлог.

* Членот на претседателството на општинската конференција не може
да биде земен на одговорност за искажаното мислење на седниците
на општинската конференција.

* Донесените одлуки, заклучоци и заземените ставови од
претседателството на општинската конференција, се задолжителни за
членовите на претседателството на општинската конференција и за
членовите на Унијата на ветерани од подрачјето на општината

* За работата на седниците се води записник.

* По отварањето на седницата се пристапува кон усвојување на
записникот од претходната седница.

* Членовите на претседателството на општинската конференција имаат право да стават забелешки на записникот

* Членот кој на седницата издвоил мислење, може да побара во
записникот да се внесат битните делови од неговото излагање.
* Претседателството на општинската конференција со јавно гласање го усвојува записникот со забелешките.

* Записникот го потпишуваат претседателот и секретарот

* За составување на записникот и за чување на оригиналите на
записниците се грижи претседателот и секретарот на
претседателството на општинската конференција.

* Записникот содржи основни податоци за работата на седницата, а
особено за предлозите што се поднесени на седницата и за одлуките
што се донесени.

* Во записникот се внесуваат резултатите од гласањето по одделни
прашања.

* Дневниот ред се утврдува на почетокот на седницата по усвојувањето на записникот.

* По утврдувањето на дневниот ред се преминува на претресување на
одделни прашања, според нивниот редослед.

* Ha седницата никој не може да говори пред да побара и добие збор од
претседателот.

* Говорникот може да говори само по прашања што се на дневен ред

* Ha предлог на претседателот или на мнозинство членови може да се
одлучи на седницата говорник по исто прашање да може да говори
само еднаш, како и да се определи времето на траење на говорот.

* Претседателството на општинската конференција може да работи и
полноважно да одлучува ако на седницата присуствуваат мнозинство
на членови на претседателството.

* Полноважни се одлуките за кои гласало мнозинството на присутни
членови, освен ако со овој Деловник е предвидено одлуката да се
донесува со посебно мнозинство.

* Гласањето по правило се врши јавно. Јавното гласање се врши со
кревање на рака.

*Гласањето со крева ње на рака се врши на тој начин што членовите на
претседателството на Општинската конференција се изјаснуваат "за"
или "против" предлогот или се воздржуваат од гласањето

* Одредбите за начинот на работата на претседателството на
општинската конференција се применуваат соодветно и за работата
на општинската конференција.


Републичка Конференција на Унијата на ветерани

*Републичката конференција е највисок орган на Унијата на ветерани

    * Членови на републичката конференција се претседателите на претседателствата ма општинските конференции на Унијата на ветерани.


Републичка Конференција

* го разгледува годишниот извештај за работата на претседателството
на републичката конференција во претходната година

* усвојува програма за работа во наредната година на
претседателството на републичката конференција

* разгледува други прашања во согласност со Деловникот


* Републичката конференција одржува собрание еднаш годишно или по потреба

* На годишното собрание на републичката конференција задолжително
се повикуваат претседателот и членовите на Извршниот комитет на
ВМРО-ДПМНЕ.

 Претседателство на Републичката Конференција:

* Co работата на републичката конференција раководи претседателство од 9 членови

* Кандидат за член на претседателството на републичката
конференција можат да предложат во писмена форма најмалку 5
членови на републичката конференција.

* Претседателството на републичката конференција се избира со тајно
гласање.

* За избрани членови на претседателството на републичката
конференција ќе се сметаат првите 9 со најголем број на гласови.

* Претседателството на републичката конференција на предлог од 3
члена од претседателството на републичката конференција со
мнозинство гласови избира претседател на републичката
конференција.

* Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дава согласност на изборот на
претседател на републичката конференција

* На предлог на претседателот на претседателството на републичката
конференција претседателството од своите редови избира
потпретседател и секретар со мнозинство на гласови

* Мандатот на претседателството трае четири години

Претседателство на Републичката Конференција:

·         изготвува програма за работа
·        поднесува годишен извештај за остварување на програмата за работа
·        зазема ставови за политичката активност на општинските собранија
·        ја насочува работата на општинските собранија
·        претресува прашања од суштинско значење за Унијата на ветерани и дава предлози за нивно разрешување
·        за својата работа еднаш годишно, или по барање, поднесува извештај на Централниот или Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
·        основа комисии и други работни тела; и врши други работи што ќе му ги доверат органите на партијата.



Претседателот на претседателството на републичката конференција
во рамките на своите права и обврски:

·         ја претставува републичката конференција и претседателството
·        ги свикува и претседава на седниците на републичката конференција и претседтелството на републичката конференција
·        го потпишува записникот и другите акти што ги донесува републичката конференција и претседателството на републичката конференција
·        се грижи за остварување на Програмата на Партијата и за својата програма
·        се грижи за доследно спроведување на Деловникот за работа на Унијата а ветернаи на ВМРО-ДПМНЕ
·        учестува во работа на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
·        врши и други работи што ќе му ги довери републичката конференција согласно Програмата и овој Деловник.

- Претседателот на републичката конференција за својата работа
одговара пред Претседателот на Партијата, Централниот комитет на
Партијата и републичката конференција
- Потпретседателот врши определени работи од делокругот на
претседателот што тој ќе му ги довери
- Во случај на отсустност или спреченост на претседателот него го
заменува потпретседателот.
- Потпретседателот на републичката конференција за својата работа
одговара на претседателот на Републичката конференција

Секретарот на републичката конференција во рамките на своите
права и обврски:

* му помога на претседателот на републичката конференција во
подготвувањето и организирањето на седниците на претседателството
на републичката конференција и републичката конференција

* се грижи за обезбедување и доставување на материјали за работа на
членовите на претседателството на републичката конференција и
републичката конференција

* се грижи за спроведување на заклучоците и другите акти донесени
од претседателството на републичката конференција и републичката
конференција

* води записник за работата на претседателството на републичката
конференција и републичката конференција

* редовно го доставува записникот до Извршниот комитет на ВМРО-
ДПМНЕ

* должен е да води архива

* врши и други работи што ќе му ги довери претседателот на
републичката конференција

* Секретарот за својата работа одговара пред претседателот на
републичката конференција.

Функцијата претседател, потпретседател, секретар и член на
претседателството на Републичката конференција престанува:

·         во случај на смрт
·        ако биде разрешен;
·        ако поднесе оставка во писмена форма


* Предлог за разрешување на претседателот можат да поднесат
Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

* Предлог за разрешување на претседателот можат да поднесат
најмалку 3 члена од претседателството на републичката
конференција.

* Предлог за разрешување на претседателот на републичката
конференција се поднесува во писмена форма и треба да биде
образложен.

* Одлуката за разрешување на претседателот на републичката
конференција се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број
членови на претседателството на републичката конференција

* Претседателството на републичката конференција е должно
разрешувањето од став 2 на овој член да го изврши во рок од 15 дена
од поднесувањето на предлогот.

* Доколку претседателството на републичката конференција не постапи
согласно став 5 на овој член се смета дека претседателството е
распуштено.

* Предлог за разрешување на потпретседателот, секретарот и член
може да поднесе претседателот на републичката конференција или 3
члена од претседателството на републичката конференција

* Предлог за разрешување се поднесува во писмена форма и треба да
биде образложен

* Одлуката за разрешување се донесува со мнозинство гласови од
вкупниот број членови на претседателството на републичката
конференција

Начин на работата на претседагелсгвото на Републичката
конференција

* Претседателството на републичката конференција работи и одлучува
на седница.

* Претседателството на републичката конференција се состанува по
потреба, a најмалку еднаш на 3 месеци

* Седниците на претседателството на републичкото ги свикува
претседателот на републичката кокференција

* Поканата за седница се испраќа на сите членови на претседателството
на републичката конференција по правило 5 дена пред денот
определен за одржување на седницата

* Заедно со поканата на членовите им се доставува и предлог на
дневниот ред, записникот од претходната седница и соодветниот
материјал што ќе биде предмет на разгледување на седницата

* По исклучок, во итни случаи, претседателот може да свика седница на
претседателството на републичката конференција во рок покус од 5
дена, а дневниот ред да го предложи на самата седница


Членот на претседателството на републичката конференција има
право и должност:

* да присуства на седниците на претседателството на републичката
конференција

* да предлага претресување на определени прашања               

* да учествува во претресувањето и одлучувањето по прашањето за кое се расправа на седницата на претседателството на републичката
конференција   

* врши и други работи што ќе му ги довери претседателот на
републичката конференција.
                             
- Членот кој од оправдани причини е спречен да присуствува на
седницата на претседателство на републичката конференција, должен
е за тоа благовремено да го извести претседателот или секретарот.   

- За присуствувањето на членовите на седниците на републичката
конференција води евиденција 
-Ветераните, републички функционери имаат право да присуствуваат
на седниците на претседателството на републичката конференција и
да учествуваат во нивната работа без право на одлучување.

- Секој член на почетокот на седницата може да предложи на дневен
ред на таа седница да се стави определено прашање, нo e должен да
ја образложи итноста на тој предлог

- Членот на претседателството на републичката конференција не може
да биде земен на одговорност за искажаното мислење на седниците
на претседателството.

- Донесените одлуки, заклучоци и заземените ставови од
претседателството на републичката конференција се задолжителни за
членовите на Унијата на ветерани

-      За работата на седниците се води записник

- По отварањето на седницата се пристапува кон усвојување на
записникот од претходната седница.

- Членовите на претседателството на републичката конференција имаат
право да стават забелешки на записникот.

- Членот кој на седницата издвоил мислење, може да побара во
записникот да се внесат битните делови од неговото излагање

- Претседателството со јавно гласање го усвојува записникот со
забелешките.

-      Записникот го потпишуваат претседателот и секретарот.
- За составување и за чување на записниците се грижи претседателот и секретарот на републичката конференција

- Записникот содржи основни податоци за работата на седницата, а
особено за предлозите што се поднесени на седницата и за одлуките
што се донесени.

- Во записникот се внесуваат резултатите од гласањето по одделни
прашања.

- Дневниот ред се утврдува на почетокот на седницата по усвојувањето
на записникот.

- По утврдувањето на дневниот ред се преминува на претрес на
одделни прашања, според нивниот редослед.

- Ha седницата никој не може да говори пред да побара и добие збор од
претседателот.

-      Говорникот може да говори само по прашања што се на дневен ред

- Ha предлог на претседателот или на мнозинство членови може да се
одлучи на седницата говорник по исто прашање да може да говори
само еднаш, како и да се определи времето на траење на говорот.

- Претседателството на Републичката конференција може да работи и
полноважно да одлучува ако на седницата присуствуваат мнозинство
на претседателството на Републичката конференција.

- Полноважни се одлуките за кои гласало мнозинството на присутни
членови, освен ако со овој Деловник е предвидено одлуката да се
донесува со посебно мнозинство.

- Гласањето по правило се врши јавно. Јавното гласање се врши со
кревање на рака

- Гласањето со кревање на рака се врши на тој начин што членовите на
Републичката конференција се изјаснуваат "за" или "против"
предлогот или се воздржуваат од гласањето

- Одредбите за начинот на работата на претседателството на
републичката конференција соодветно се применуваат и за работата
на републичката конференција.
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest