Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Saturday, July 17, 2010

Организација на тела на ВМРО ДПМНЕ

Текстов е превземен од официјалниот веб сајт на ВМРО ДПМНЕ 
УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО ДПМНЕ

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

Програмата за работа на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од нејзината основна цел, како политичка асоцијација на жени во рамките на Партијата, во која членките ќе ги вградат своите природни потенцијали во интерес на програмските цели на Партијата.
Секако своите природни потенцијали ќе ги преточат во активности во кои ќе ги вградат креативноста, социјалните, едукативните и визионерските пособности.

За таа цел Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе формира комисиски тела од соодветни сфери.

1. Хуманитарни активности

Нашето општество по својата природа е хуманитарно. Дарувањето е мерило на нашите економски, но уште повеќе духовни вредности.

Комисијата за хуманитарни активности во соработка со партиски хуманитарни организации и донации ќе остварат активности во кои покрај дарувањето ќе вложат труд и грижа кон оние на кои им е потребна.

2. Социјални активности

Грижата за социјални случаи, хендикепираните, старите, немоќните е составен дел на нашето општество.

Во таа насока Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со своите комисии ќе изработува листи на тие категории и ќе се иницираат и реализираат со нивна помош.

3. Комисија за заштита на животната средина

Животната средина е нашето опкружување. Индустријализацијата и урбанизацијата се закануваат со нејзино скрнавење и загадување и затоа треба да ги јакнеме програмите за заштита на животната средина, подигнување на свеста за нашата улога како човечки и најважен фактор во создавањето на здрава животна средина.

4. Едукативна комисија

Во природата на жената лежи воспитувањето на децата.

На општествен план жената мора да пласира едукативни теми од областа на актуелните случувања, потреби и цели како би граделе општествено-духовна шема неоходна за имплементирање на неопходните реформи, како би се вклучиле во Европските стандарди на вредносни критериуми.

Градењето на едукативни вредносни принципи и критериуми кои не познават бои, верски и етнички интереси, но познаваат димензии во кои личните и колективните интереси ќе се изедначат во општествени и државни интереси.

Едукативната помош е неопходна во созревањето како граѓанин за да се носиме со тешкотиите на реформите и предизвиците на новото време.

5. Комисија за соработка

Жените од Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ преку овие тела на општинско и републичко ниво треба да го отворат патот кон заедништвото и единството во овие сфери и проблеми кои се од наш државен интерес со негување соработка во која ќе се препознаеме како граѓани и луѓе.

На тој план е соработката со женските асоцијации со останатите земји од Балканот и Европа. Таа соработка треба да го реализира нашиот прием во Европската Унија на жени.

Основните програмски активности се партиски активности во кои жените се составен дел.

Ако младите се наша иднина, жените се нашиот дух, кохезивна сила која врзува во единство-мост кон иднината. Жената е благослов. Општеството кое ја почитува жената се почитува себеси и своето постоење.

Во денешни светски и внатрешни трендови, партија која ги има жените во ваков број и спремност, ги има демократските димензии респектирани од Евро-атланските асоцијации како услов за наше асоцирање. Партија која ги има жените во ваков број победува.








Унија на ветерани




Кога ќе измине времето на омарни страдања, на проколвани судбини и сурови топотења, ќе остане дел од мигот во кој со неснослива леснотија ќе се обидеме да го осетиме минатото. Оваа кружница од немир и пелин нека остане историја на еден народ, но никако историја која ќе се повтори, зошто колку и да го корнеш пирејот, тој повторно ќе си порасне.
Изминаа години од времето кога со крвавите прсти се испишуваа деновите во исчекување. Некои од нив го дочекаа последниот ден во бетонските пештери сонувајќи дека часовите кои изминуваат се составени од секунди, но не било така. Останаа костури кои продолжија да ги бројат секундите, остана немирот кој ја хранеше љубопитноста за тоа што се случуваше надвор од бетонот. Сеќавањата никогаш не избледеа, не избледе ниту физичката болка која ги гризеше коските.
Прашувајќи се што е тоа за што страдаме, не можевме да најдеме одговор, зошто одговорот никој не го знаеше, некои се поева со слад, а некои со солена вода. Нашиот одговор на одговорот кој не го знаеме нека остане забележан во нашиот сегашен живот, тоа што пристапуваме кон опцијата е само обид да им простиме на оние на кои нема за што да им се прости. Токму тогаш кога помисливме дека нашата голгота заврши, токму тогаш кога се градеше новиот свет во новите градилишта, дел од македонската интелигенција ги започна своите страдања низ казаматите на Идризовските сивила, низ камењарниците на Голи Оток, низ празните бранови на Св. Грбур.
Поголемиот дел од нив силно ја прегрнаа својата судбина која во тие времиња беше еднаква на идеологијата за еден народ кој би имал своја држава. Токму таа идеја го отвори патот кон сегашната реалност и силно ги затвори портите на македонското вековно страдање. Од тие мигови па се до денес изминаа повеќе од 50 години, но сеќавањето на сите оние кои го завршија својот животен пат за идеите на ВМРО не смее да остане само во спомените, зошто исконот на Македонецот сега е релност, но суштината на стремежот се уште постои, се додека е небото земјата Европска. Оние кои останаа живи и се израдуваа на Македонската држава, а повеќето од нив земаа активно учество во редовите на наследникот на ВМРО, пополнувајќи ги првите пристапници на ВМРО-ДПМНЕ. Некои од нив си приспомнуваат за деновите кога самата помисла на четирите букви го означувала крајот на судбината.


Кога ветровите дуваа само во вечерните часови, а осамените идеолози го одеа својот последен круг. Но времињата се изменија, демократијата ги изговори своите први реченици, Македонската држава го доби заслуженото место во светското семејство. Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во клучните моменти на осамостојувањето ја покажаа својата доблест и храброст и повторно ја одбраа идејата. Нивното активно учество во сите органи на Партијата даде огромен придонес во задржувањето на традиционалните принципи.


Комисии и форуми на партијата



  • Комисии при ИК на ВМРО-ДПМНЕ
  1. Комисија за социјални прашања, работни односи и вработеност
  2. Комисија за информатика и телекомуникации
  3. Комисија за Европска интеграција
  4. Комисија за земјоделство и агроиндустрија,шумарство и водостопанство
  5. Комисија за Локална Самоуправа
  6. Комисија за урбанизам,градежништво и транспорт
  7. Комисија за здраство
  8. Комисија за образование и наука
  9. Комисија за животна средина
  10. Комисија за правни работи
  11. Комисија за спорт и физичка култура
  12. Комисија за мали и средни претпријатија
  13. Комисија за финансиски и монетарни прашања
  14. Комисија за енергетика
  15. Комисија за економија и индустрија
  16. Комисија за култура
  17. Комисија за антикорупција
  18. Комисија за стратегиски прашања
  19. Комисија за односи со НВО
  20. Комисија за политички систем
  21. Комисија за надворешни работи
  • Форуми на ВМРО-ДПМНЕ
  1. Форум за економија
  2. Форум за здравство
  3. Форум за образование
Организација по изборни единици





    Месни комитети 


    МЕСТНИ ОРГАНИЗАЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ
    Врз основа на член 24. став 1. алинеа 15. а согласно член 41 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Централниот комитет на XIX седницата одржана на 21 август 1999 година донесе:
    ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА МЕСТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ
    I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
    Член 1
    Co овој Деловник се утврдува организацијата, начинот на работа постапката на избор на органите и телата на месните организации, како и други прашања од значење за нивната работа.
    ОРГАНИЗАЦИЈА И ОРГАНИ
    Член 2
    Органи на местните организации на ВМРО-ДПМНЕ се:
    а). Општински комитети:
    б). Комитети на изборни единици;
    в). Местни комитети: и
    г). Задгранични комитети.
    а). Општински комитет
    Член 3
    Општинскиот комитет е највисок орган на местните организации во општината, односно општините.
    Одлука за формирање на општински комитет донесува Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
    Член 4
    Членови на општинскиот комитет се:
    -претседателите на комитетите на изборни единици;
    -претседателот на општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ:
    -претседателот на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ;
    -претседателот на Унијата на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ:
    -претседателот на Советот на ВМРО-ДПМНЕ;
    -секретарот на општинскиот комитет:
    -касиерот на општинскиот комитет:
    -градондчалникот на Општината:
    -координаторот на советничката група:
    -пратениците избрани во Собранието на РМ од подрачјето на Општината. Co општинскиот комитет раководи претседател.
    Член 5
    Bo општините составени од една изборна единица комитетот на изборната единица воедно е и општински комитет.
    Член 6
    Bo рамките на изборната единица може да бидат опфатени подрачјата на една или повеќе помали општини.
    Во општините од став 1 на овој член се основаат општински подкомитети.
    Член 7
    Општинскиот подкомитет од член 6 на овој Деловник го сочинуваат:
    -претседателот на општинскиот подкомитет;
    -потпретседателот на општинскиот подкомитет;
    -претседателите на местните комитети;
    -секретарот;
    -касиерот;
    -градоначалникот; и
    -координаторот на советничката група.
    Претседателите на општинските подкомитети од став 1 на овој член не се членови на Централнот комитет.
    Член 8
    Bo општините од член 6 од овој Деловник на предлог на Претседателот на Партијата Извршниот комитет на Партијата од редот на претседателите на местните комитети или од поширокото членство на општинскиот подкомитет именува и разрешува претседател на општинскиот подкомитет.
    На предлог на претседателот на општинскиот подкомитет од став 1 на овој член општинскиот подкомитет од раководството на општинскиот подкомитет избира потпретседател со мкозинство гласови од вкупниот број членови на подкомитетот, со јавно гласање.
    Член 9
    Одредбито од член 3 до член 38 од овој Деловник соодветно се применуваат и на надлежноста и начинот на работа на општинските подкомитети. правата, должностите и одговорностите на претседателите и потпретседателите на општинските подкомитети и именувањето. правата, должностите и одговорностите на секретарите и касиерите на општинските подкомитети на општините од член 6 на овој Деловник.
    Член10
    Општинскиот комитет:
    -донесува програма за работа на комитетот;
    -поднесува годишен извештај за остварувањето на програмата на општинскиот комитет:
    -донесува буџет;
    -донесува периодична и годишна сметка и ги доставува до Секретарот на партијата во законски определениот рок:
    -донесува одлуки за трошење на средствата од буџетот на општинскиот комитет, отвора жиро сметка;
    -униите, асоцијациите и Советот на ВМРО-ДПМНЕ се должни еднаш годишно или на барање на општинскиот комитет да поднесат извештај за својата работа;
    -зазема ставови за идејно-политичката активност на членовите и местните организации и го насочува нивното дејствување кон суштествените идејно-политички прашања од интерес на Партијата:
    -создава услови со кои се обезбедува сестрано вклучување и постојано ангажирање на сите членови на подрачјето на општината;
    -утврдува кандидати за избор на одборници со претходно добиена согласност од кадровската комисија на Партијата;
    -на предлог на претседателот на општинскиот комитет, општинскиот комитет избира и разрешува координатор и заменик координатор на Советничката група со мнозинство гласови од вкупниот број членови;
    -го насочува дејствувањето на советниците кога предмет на расправа на седниците на Советот на општината се значајни прашања со цел да се изгради единствен став;
    -претресува прашања што се од суштинско значење за Партијата и дава предлози за нивно разгледување пред повисоките органи на Партијата;
    -донесува одлука за основање на местен комитет. Во одлуката се дефинираат населените места кои ги опфаќа местниот комитет, седиштето на местниот комитет и името на местниот комитет;
    -донесува одлука за спроведување избор во местниот комитет:
    -ги верификува мандатите на претседателите на местните комитети:
    -може да разреши претседател на местен комитет согласно одредбите од овој Деловник:
    -основа дисциплинска комисија:
    -основа комисии и други работни тела.
    Претседател на Општински комитет
    Член 11
    Извршниот комитет на Партијата на предлог на Претседателот на партијата, од претседателите на комитетите на изборните единици, во секоја општина именува и разрешува претседател на општински комитет.
    Мандатот на претседателот трае четири години.
    Член 12
    Претседателот на општинскиот комитет во рамките на своите права и должности:
    -го претставува општинскиот комитет;
    -свикува седници и претседава со нив;
    -потпишува акти што ги донесува општинскиот комитет и се грижи за нивно
    извршување:
    -спроведува одлуки и други акти донесени од повисоките органи на Партијата;
    -се грижи за остварување на програмата на Партијата и Програмата за работа
    на општинскиот комитет;
    -се грижи за доследно применување на Деловникот за работа на општинскиот
    комитет;
    -се грижи и ја координира работата на комитетот на изборната единица;
    -се грижи за финансиското работење на општинскиот комитет:
    -создава материјални и просторни услови за непречено работење на
    општинскиот комитет;
    -именува и разрешува секретар и касиер на општинскиот комитет;
    -врши и други работи во согласност со Деловникот.
    Претседателот на општинскиот комитет за својата работа одговара пред Претседателот на партијата, Централниот комитет и Извршниот комитет.
    Претседателот на општинскиот комитет ги должи и се грижи за употребата на партискиот печат, штембилот, партиската архива и материјалните добра на општинскиот комитет.
    Член 13
    Претседателот на општинскиот комитет има право да поднесе оставка на својата функција и да ја образложи. Оставката во писмена форма ја поднесува до Претседателот на партијата.
    Потпретседател на Општински комитет
    Член 14
    Ha предлог на претседателот на општинскиот комитет, општинскиот комитет од претседателите на комитетот на изборната единица избира потпретседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови на комитетот со јавно гласање.
    Мандатот на потпретседателот трае четири години.
    Член 15
    Потпретседателот на општинскиот комитет врши определени работи од делокругот на претседателот што тој ќе му ги довери.
    Во случај на отсутност или спреченост на претседателот него го заменува потпретседателот на општинскиот комитет.
    Член 16
    Потпретседателот на општинскиот комитет има право да поднесе оставка на својата функција и да ја образложи.
    Оставката во писмена форма ја поднесува до општинскиот комитет.
    Член 17
    Потпретседателот на општинскиот комитет може да биде разрешен и пред истекот на времето за кое е избран и тоа на предлог на претседателот на општинскиот комитет или на предлог на мнозинството од вкупниот број членови на општинскиот комитет. како и во случаи на утврдена дисциплинска и партиска одговорност.
    Секретар на Општински комитет
    Член 18
    Претседателот на општинскиот комитет од членовите на Партијата од подрачјето на општината именува секретар на Општински комитет. Мандатот на секретарот трае четири години.
    Член 19
    Секретарот за својата работа одговара пред претседателот на општинскиот комитет и пред општинскиот комитет.
    Член 20
    Секретарот на општинскиот комитет:
    -помага на претседателот на општинскиот комитет во подготвувањето и организирањето на седниците на општинскиот комитет;
    -се грижи за обезбедување и доставување на материјали потребни за работа на општинскиот комитет;
    -доставува заклучоци и други акти до надлежни органи;
    -води записник на седниците на општинскиот комитет;
    -води архива на општинскиот комитет;
    -јa надгледува работата на секретарите на комитетите на изборните единици за што редовно го известува претседателот на општинскиот комитет;
    -врши и други работи што ќе му ги довери претседателот на општинскиот комитет;
    Касиер на Општински комитет
    Член 21
    Претседателот на општинскиот комитет од членови на Партијата од подрачјето на општината именува касиер на општинскиот комитет. Мандатот на касиерот трае четири години.
    Член 22
    Касиерот за својата работа одговара пред претседателот на општинскиот комитет и пред општинскиот комитет.
    Член 23
    Касиерот на општинскиот комитет:
    -изготвува буџет на општинскиот комитет;
    -се грижи за спроведување на буџетот на општинскиот комитет;
    -ја контролира редовноста на собирањето на членарината во местните комитети;
    -изготвува периодична и годишна сметка;
    -поднесува извештај за материјално финансиското работење најмалку еднаш на три месеци или на барање на претседателот на општинскиот комитет или на повисоките органи на Партијата;
    -врши и други работи што ќе му ги довери претседателот на општинскиот комитет.
    Начин на работа на општинскиот комитет
    Член 24
    Општинскиот комитет се состанува по потреба, а најмалку еднаш месечно Општинскиот комитет работи и одлучува на седница.
    Седниците на општинскиот комитет ги свикува претседателот на општинскиот комитет.
    Член 25
    Поканатаза седница се испраќа на сите членови на општинскиот комитет по правило 5 дена пред денот определен за одржување на седницата.
    Заедно со поканата на членовите им се доставува и предлог на дневниот ред, записникот од претходната седница и соодветниот материјал што ќе биде предмет на разгледусање на седницата.
    По исклучок. во итни случаи претседателот може да свика седница на општинскиот комитет во рок покус од 5 дена а дневниот ред да го предложи на самата седница.
    Член 26
    Членот на општинскиот комитет има право и должност:
    -да присуства на седниците на комитетот:
    -да предлага претресување на определени прашања.
    - да учествува во претресувањето и одлучувањето по прашањето за кое се
    расправа на седницата на општинскиот комитет:
    -врши и други работи што ќе му ги довери претседателот на општинскиот комитет и општинскиот комитет.
    Член 27
    Членот кој од оправдани причини е спречен да присуствува на седницата на општинскиот комитет, должен е за тоа благовремено да го извести претседателот или секретарот на комитетот.
    За присуствувањето на членовите на седниците на општинскиот комитет се води евиденција.
    Член 28
    Секој член може на почетокот на седницата да предложи на дневен ред на таа седница на општинскиот комитет да се стави определено прашање но е должен даја образложи итноста на тој предлог.
    Член 29
    Членот на општинскиот комитет не може да биде земен на одговорност за искажаното мислење на седниците на комитетот.
    Донесените одлуки и заклучоци и заземените ставови од општинскиот комитет задолжителни се како за членовите на комитетот, така и за членовите на Партијата и местните организации од подрачјето на општината.
    Член 30
    За работата на седниците се води записник.
    По отварањето на седницата се пристапува кон усвојување на записникот од претходната седница.
    Членовите на општинскиот комитет имаат право да стават забелешки на записникот.
    Членот кој на седницата издвоил мислење може да побара во записникот да се внесат битните делови од неговото излагање.
    Општинскиот комитет со јавно гласање го усвојува записникот со забелешките.
    Записникот го потпишуваат претседателот и секретарот.
    За составување на записникот и за чување на оригиналите на записниците се грижи секретарот на општинскиот комитет.
    Член 31
    Записникот содржи основни податоци за работата на седницата. а особено за предлозите што се поднесени на седницата и за одлуките што се донесени.
    Во записникот се внесуваат резултатите од гласањето по одделни прашања.
    Член 32
    Дневниот ред се утврдува на почетокот на седницата по усвојувањето на записникот.
    По утврдувањето на дневниот ред се преминува на претрес на одделни прашања. според нивниот редослед.
    Член 33
    Ha седницата никој не може да говори пред да побара и добие збор од претседателот.
    Говорникот може да говори само по прашања што се на дневен ред.
    Член 34
    Ha предлог на претседателот или на мнозинство членови може да се одлучи на седницата говорник по исто прашање да може да говори само еднаш како и да се определи времето на траење на говорот.
    Член 35
    Општинскиот комитет може да работи и полноважно да одлучува ако на седницата присуствуваат мнозинство на членови на комитетот.
    Член 36
    Полноважни се одлуките за кои гласало мнозинството на присутни членови, освен ако со овој Деловник е предвидено одлуката да се донесува со посебно мнозинство.
    Член 37
    Гласањето по правило се врши јавно. Јавното гласање се врши со кревање на рака.
    Член 38
    Гласањето со кревање на рака се врши на тој начин што членовите на општинскиот комитет се изјаснуваат "за" или "против" предлогот или се воздржуваат од гласањето.
    б). Комитет на изборна единица
    Член 39
    Комитетот на изборната единица е највисок орган во рамките на изборната единица.
    Комитет на изборна единица се основа на територијата на изборната единица утврдена со Законот за изборните единици.
    Одлука за основање на комитет на изборна единица донесува Извршниот комитет на Партијата.
    Член 40
    Членови на комитет на изборна единица се:
    -претседателот;
    -потпретседателот:
    -секретарот:
    -касиерот;
    -претседателите на местни комитети (најмногу 10);
    -пратеникот од Изборната единица. Co комитет на изборна единица раководи претседател.
    Член 41
    Bo изборните единици кои се составени од една или повеќе општини во комитетот на изборната единица покрај членовите од член 40 од овој Деловник влегуваат и претседателите на општинските подкомитети.
    Член 42
    Комитетот на изборна единица:
    -спроведува одлуки. заклучоци и ставови на општинскиот комитет и повисоките органи на Партијата;
    -создава услови за вклучување и постојано ангажирање на сите членови од подрачјето на општината:
    -ја координира работата на местните комитети од подрачјето на Изборната единица;
    -на предлог на претседателот, комитетот на изборна единица избира потпретседател:
    -донесува одлуки и други акти.
    Прегседател нд Комитет нд изборна единица и спроведување нд. избори
    Член 43
    Co комитетот на изборна единица раководи претседател избран на партиски избори со тајно гласање. Мандатот на претседателот на комитетот на изборна единица трае четири години.
    Член 44
    Кандидат за претседател на комитет на изборна единица може да биде член на Партијата кој живее или работи во соодветната изборна единица и најмалку 2 година е член на Партијата.
    Кандидат за претседател на комитет на изборна единица може да предложат местните комитети или најмалку 30 членови од комитетот на изборната единица.
    Предлогот на кандидатот се доставува до Кадровската комисија на Партијата.
    Предлагач може да биде потписник само на една кандидатска листа за избор на претседател на комитет на изборна единица.
    Предлозите за кандидат за претседател на комитет на изборна единица до Кадровската комисија на Партијата се доставуваат најмалку 30 дена пред изборите.
    Кадровската Комисија врз основа на предлозите од став 5 на овој член утврдува кандидат, односно кандидати за претседател на комитет на изборна единица.
    Член 45
    Кадровската комисија утврдениот кандидат, односно кандидати за претседател на комитет на изоорна единица ја доставува до Изборната комисија најмалку 10 дена пред изборите.
    Член 46
    Избори за претседател на комитет на изборна единица се спроведуваат кога претходно ќе бидат утврдени гласачките списоци на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во соодветната Изборна единица.
    Гласачките списоци ги изготвува и заверува Матичното биро на Партијата најмалку 15 дена пред денот на изборите врз основа на податоците од Компјутерскиот центар на партијата.
    Член 47
    За спроведување на изборите за претседател на комитет на изборна единица се основа комисија.
    Комисијата се состои од претседател и четири члена.
    Составот на комисијата со решение го утврдува Извршниот комитет или секретарот на Партијата од членовите на Партијата од соодветната општина.
    Мандатот на изборната комисија се утврдува со решение за нејзино формирање.
    Член 48
    Изборната комисија врз основа на избирачкиот список најдоцна 5 дена пред денот определен за одржување на изборите со јавен повик и со писмена покана ги известува сите членови на Партијата од изборната единица за одржување на изборите.
    Член 49
    Изборниот материјал за спроведување на изборите за избор на претседатели на комитети на изборни единици се состои од:
    -гласачки ливчиња;
    -кутии за гласање;
    -два идентични обрасци на записници;
    -листа на кандидат, односно кандидати;
    -заверен избирачки список;и други материјали.
    Член 50
    Гласачкото ливче за избор на претседател на комитет на изборна единица содржи:
    1. број на изборната единица;
    2. реден број, име и презиме на кандидатот, односно кандидатите: и
    3. упатство за гласање
    На гласачкото ливче на кое има повеќе кандидати. кандидатите се наведени по оној редослед по кој се утврдени од Кадровската комисија на партијата (по азбучен ред).
    Доколку има кандидати со исто име и презиме тогаш се наведува и почетната буква на нивното средно име.
    Член 51
    Изборите за претседатели на комитети на изборни единици се врши на гласачки места.
    Гласачките места ги определува Изборната комисија со претходна согласност на секретарот на Партијата.
    Член 52
    Гласањето започнува во 10 часот и трае непрекинато до 18,00 часот. Во 18,00 часот гласачкото место се затвара, а на избирачите кои се наоѓаат во објектот каде што се гласа ќе им се овозможи да гласаат. Изборната комисија може да го затвори гласачкото место и пред истекот на рокот од став 1 на овој член, ако гласале сите избирачи запишани во избирачкиот список.
    Член 53
    Гласањето се врши лично.
    Гласањето се врши со гласачки ливчиња.
    Избирачот гласањето за избор на претседател на Комитет на изборна единица го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред кандидатот за кој се определил да гласа.
    Се гласа само за кандидатот, односно за еден од кандидатите што се на кандидатската листа.
    Гласачките ливчиња ги подготвува Матичното биро на Партијата, најмалку 5 дена пред денот определен за одржување на изборите.
    Избирачите го потврдуваат својот идентитет со партиска членска книшка, лична карта или пасош.
    Ако член на Партијата не е запишан во избирачкиот список, а поседува партиска членска книшка. Изборната комисија ќе му дозволи да гласа.
    За случаите од став 6 на овој член Изборната комисија води посебен записник (список).
    Член 54
    Изборната комисија по завршувањето на гласањето веднаш во записник ги утврдува резултатите од гласањето на гласачките места.
    Резултатите од гласањето се утврдуваат на тој начин што:
    -се утврдува вкупниот број избирачи кои биле запишани во избирачкиот список;
    -се утврдува вкупниот број избирачи кои гласале;
    -се утврдува бројот на неважечки гласачки ливчиња;
    -се утврдува бројот на гласовите што ги добил секој кандидат. Во записникот се внесуваат и евентуалните забелешки дадени од членовите на Комисијата.
    Записникот го потпишуваат сите членови на Комисијата.
    Член 55
    За претседател на комитет на изборна единица е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од членовите на Партијата кои гласале, под услов да излегле на избори најмалку 50 избирачи.
    Доколку на изборите излегле помалку од 50 избирачи, изборната постапка се повторува во рок кој ќе го определи Извршниот комитет.
    Доколку за претседател на комитет на изборна единица се предложени два или повеќе кандидати, за избран се смета кандидатот кој добил кајмногу гласови.
    Доколку повеќе кандидати добиле ист број на гласови изборот се врши со ждребање.
    Член 56
    Изборната комисија е должна веднаш по утврдување на резултатите од гласањето записникот со другиот изборен материјал да го достави до секретарот на Партијата.
    Член 57
    Извршниот комитет на партијата ги разгледува записниците од изборните комисии за спроведените избори за претседатели на комитети на изборни единици и му предлага на Централниот комитет да изврши верификација на мандатите.
    Член 58
    Доколку Извршниот комитет на Партијата утврди неправилности во постапката за избор на претседател на комитет на изборна единица со Одлука ќе го поништат гласањето во таа Изборна единица и ќе се определи рок за спроведување на повторни избори.
    Член 59
    Bo општинските комитети каде постојат нарушени односи, изборот на претседател на комитет на изборна единица се врши под надзор на Извршниот комитет на Партијата или од него овластено лице, односно лица.
    Член 60
    Секој кандидат за претседател на комитет на изборна единица има право да поднесе приговор до Извршниот комитет на Партијата заради неправилности во постапката за избор.
    Приговорот од став 1 на овој член се поднесува во рок од 48 часа од завршувањето на гласањето.
    Извршниот комитет на Партијата во најкус можен рок по приемот на приговорот донесува решение.
    Решението од Извршниот комитет е конечно.
    Член 61
    Централниот комитет на Партијата на предлог на Извршниот комитет врши верификација на мандатите на претседателите на комитети на изборна единица.
    Претседатѕлите на комитетите на изборна единица се должни во рок од 15 дена од верификацијата на мандатот да свикаат седница на комитетите и да изберат потпретседател и да именува секретар и касиер на комитетот.
    Член 62
    Претседателот на комитетот на изборната единица во рамките на своите права и должности:
    -го претставува комитетот на изборната единица:
    -свикува седници и претседава со нив:
    -потпишува акти што ги донесува комитетот на изборната единица и се грижи за нивното извршување;
    -спроведува одлуки и други акти донесени од општинските комитети и од повисоките органи на Партијата:
    -се грижи за остварување на Програмата за работа на општинските комитети и на Програмата на Партијата:
    -се грижи и ја координира работата на местните комитети:
    -на барање на членови на населените места покренува иницијатива до општинскиот комитет за формирање на местен комитет;
    -се грижи за доследно применување на Деловникот за работа:
    -именува и разрешува секретар и касиер на комитет на изборната единица:
    -се грижи за остварување на соработка со други комитети на изборни единици:
    -врши и други работи во согласност со Деловникот. Претседателот на комитетот на изборната единица за својата работа одговара пред Претседателот на партијата, Централниот комитет. Извршниот комитет и општинскиот комитет.
    Потпретседател на Комитет на изборна единица
    Член 63
    Ha предлог на претседателот на комитет на изборна единица. комитетот на изборната единица избира потпретседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови на комитетот со јасно гласање.
    Мандатот нл потпретседателот трае четири години.
    Член 64
    Потпретседателот на комитетот на изборната единица врши определени работи од делокругот на претседателот што тој ќе му ги довери.
    Член 65
    Потпретседателот на комитетот на изборната единица има право да поднесе оставка ир. својата функција и да ја образложи. Оставката во писмена форма ја поднесува до комитетот на изборната единица.
    Член 66
    Потпретседателот на комитетот на изборната единица може да биде разрешен и пред истекот на времето за кое е избран на предлог на претседателот на комитетот на изборна единица или на предлог на мнозинството од вкупниот број членови на комитетот на изборната единица како и во случаи на утврдена дисциплинска и партиска одговорност.
    Секретар на Комитет на изборнд единица
    Член 67
    Претседателот на Комитетот на изборна единица од членовите на партијата од подрачјето на Изборната единица именува секретар на комитетот на изборна единица. Мандатот на секретарот на комитетот на изборна единица трае четири години.
    Член 68
    Секретарот на комитетот на изборна единица:
    -помага на претседателот на комитетот на изборната единица во подготвувањето и организирањето на седниците;
    -се грижи за обезбедување и доставување на материјалите потребни за работа на комитетот на изборната единица;
    -доставува заклучоците и другите акти до надлежните органи:
    -води записник на седниците на комитетот на изборната единица и истите ги доставува до општинскиот комитет;
    -води архива на комитетот;
    -ја надгледува работата на секретарите на местните комитети;
    -врши и други работи што ќе му ги довери претседателот на комитетот на изборна единица.
    Касиер на Комитет на изборна единица
    Член 69
    Претседателот на комитетот на изборната единица од членовите на Партијата од подрачјето на изборната единица именува касиер на комитетот на изборната едикица. Мандатот на касиерот трае четири години.
    Член 70
    Касиерот за својата работа одговара пред претседателот на комитетот на изборната единица и пред комитетот на изборна единица.
    Член 71
    Касиерот на комитетот на изборната единица се грижи за редовноста на собирањето на членарина на месниот комитет и за тоа го информира претседателот на комитетот на изборната единица.
    Врши и други работи што ќе му ги довери претседателот и комитетот на изборната единица.
    Член 72
    Комитетот на изборната единица работи и одлучува на ист начин како и општинскиот комитет.
    в). Местен комитет
    Член 73
    Местната организација е основен облик на организирање на членовите на Партијата.
    Одлука за основање на местната организација донесува општинскиот комитет. Co Одлука за основање на местната организација се определуваат населба, дел од населба или населено место. кои влегуваат во составот на местната организација, како и името и седиштето на местниот комитет.
    Член 74
    Bo местна организација во која бројот на членовите не е повеќе од десет сите членови го сочинуваат местниот комитет.
    Местната организација од став 1 на овој член се основа на основачки собир на членовите на Партијата кои живеат на подрачјето за кое се предлага основање на местен комитет.
    Член 75
    Co местната организација управува местен комитет. Членови на местниот комитет се:
    -претседателот:
    -потпретседателот:
    -секретарот:
    -касиерот: и
    тројца членови од поширокото членство на местната организација.
    Доколку местната организација ја сочинуваат членови од повеќе населби. односно населени места, од секоја населба, односно населено место се делегира по еден член во местниот комитет.
    Член 76
    Местниот комитет:
    -разгледува прашања од значење за местниот комитет:
    -спроведува одлуки. ставови и заклучоци на комитетот на изборната единица и општинскиот комитет:
    -создава услови за зачленување на нови членови и постојано ангажирање на сите членови од подрачјето на местната организација;
    -донесува заклучоци и зазема ставови;
    -води записник за седниците и го доставува до општинскиот комитет;
    -врши и други работи од интерес за местната организација.
    Претседател нд Местен комитет
    Член 77
    Co местниот комитет раководи претседател на местен комитет.
    Во местните организации кои бројат до 10 члена претседателот на местиниот комитет се избира со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
    Во местните организации кои бројат над 10 членови претседателот на местниот комитет се избира со најмалку 1/3 од вкупниот број на членови во месната организација.
    Доколку за претседател на местниот комитет се предложени два или повеќе кандидати за избран се смета кандидатот кој добил најмногу гласови.
    Доколку повеќе кандидати добиле ист број на гласови изборот се врши со ждребање.
    Гласањето е јавно.
    Мандатот на претседателот трае четири години.
    Претседателот по функција е член на Комитетот на изборна единица.
    Надлежност на претседателот на Местен комитет
    Член 78
    Претседателот во рамките на своите права и должности:
    -го претставува Местниот комитет;
    -ги свикува и претседава со седниците;
    -ги потпишува записниците;
    -ги спроведува одлуките на комитетот на изборната единица и општинскиот комитет;
    -се грижи и ја координира работата на местниот комитет:
    -се грижи за доследно применување на Деловникот за работа на местните организации:
    -врши и други работи што ќе му бидат доверени од општинскиот комитет;
    Член 79
    Претседатѕлот на местниот комитет од членовите на местната организација именува потпретседател, секретар и касиер.
    Член 80
    Местниот комитет работи на седници.
    Седниците на местниот комитет ги свикува претседателот, а во негово отсуство седница може да свика и потпретседателот.
    На седниците на местниот комитет можат да присуствуваат членовите на Партијата од местната организација.
    По исклучок седница може да одржат само членовите на местниот комитет, без присуство на поширокото членство од местната организација.
    Претседателот е должен да го информира претседателот на комитетот на изборна единица за местото, денот и часот на одржување на седницата.
    Член 81
    За работа на седниците на местниот комитет се води записник кој го потпишуваат претседателот и скретарот на местниот комитет.
    Примерок зд записникот и други донесени акти се доставуваат до комитетите на изборните единици и до општинскиот комитет.
    Член 82
    Одлуките ставовите и предлозите се донесуваат со мнозинство гласови од присутните на седницата.
    Член 83
    Претседателот на местниот комитет може да биде разрешен и пред истекот на времето за кое е избран:
    -ако поднесе писмена оставка:
    -ако е изречена дисциплинска мерка;
    -поради неизвршување на партиски задачи;
    -ако му биде изгласана недоверба од неговите гласачи на начин и постапка како неговиот избор;
    За случаите од ставот 1 алинеите 2, 3 и 4 од овој член на предлог на претседателот на комитетот на изборната единица, општинскиот комитет го разрешува претседателот на местниот комитет.
    До избор на нов претседател на местен комитет, со местниот комитет раководи потпретседателот на местниот комитет, или В.Д. претседател именуван од општинскиот комитет.
    Потпретседател на Местен комитет
    Член 84
    Потпретседателот на местниот комитет врши работи од делкругот на претседателот што тој ќе му ги довери.
    Во случај на отсутност или спреченост на претседателот него го заменува потпретседателот на местниот комитет.
    Член 85
    Потпретседателот може да биде разрешен и пред истекот на времето за кое е именуван.
    Член 86
    Потпретседателот може да поднесе оставка на својата функција и да ја осразложи.
    Оставката во писмека форма ја поднесува до местниот комитет.
    Секретлр на Местен комитет
    Член 87
    Секретарот за својата работа одговара пред претседателот на Местниот комитет. Секретарот може да биде разрешен и пред истекот на времето за кое е именуван.
    Член 88
    Секретарот може да поднесе оставка на својата функција и да јa образложи. Оставката во писмена форма јa поднесува до местниот комитет.
    Член 89
    Секретарог на местниот комитет:
    -му помага на претседателот на местниот комитет ео подготвување и организација на седниците:
    -се грижи за доставување на материјали за работата на местниот комитет:
    -ги доставува записниците со заклучоците. ставовите и предлозите до општинскиот комитет:
    -води записник за седниците на местниот комитет:
    -ја води архивата: и врши и други работи што ќе му ги довери претседателот на местниот комитет.
    Ка.сиер на Местен комитет
    Член 90
    Касиерот на местниот комитет:
    -редовно јa собира членарината:
    -членарината ја доставува до касиерот на општинскиот комитет:
    -води евиденција за собраните средства од членарината:
    -врши и други работи што ќе му ги довери претседателот на местниот комитет.
    Член 91
    Касиерот може да биде разрешен и пред истекот на времето за кое е избран. Касиерот може да однесе оставка на својата фуккција и да ја образложи. Оставката во писмена форма ја доставува до местниот комитет.
    г). Задграничен комитет
    Член 92
    За директно застапување на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ во странство, претседателот на Партијата со Одлука основа задгранични комитети и именува претседатели на тие комитети.
    Член 93
    Именуваниот претседател на задграничен комитет е претставник на ВМРО-ДПМНЕ.
    Претседателот на задграничниот комитет во рок од 30 дена од денот на именувањето, со Одлука формира тим од 7 до 11 членови од кои назначува секретар и касиер и на партиско собрание го објавува составот на задграничниот комитет.
    Член 94
    Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ се должни за:
    -ширење на идеите на ВМРО-ДПМНЕ и промовирање на македонски патриотизам во соодветниот град, односно земја;
    -лобирање за ВМРО-ДПМНЕ во странски политички кругови; и вршење на други задолженија и обврски кои ќе им ги довери Партијата.
    Член 95
    Претседател на задграничен комитет може да биде разрешен и заменет со друг член кога за тоа ќе оцени Претседателот на партијата, а врз основа на негови сознанија за некоректно застапување на партиските интереси од негова страна.
    111. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
    Член 96
    Прашањата од организационен карактер кои не се регулирани со овој деловник се регулираат со други акти на органите на Партијата.
    Член 97
    Co влегување на сила на овој Деловкик, престанува да важи Деловникот за работа на местните организации на ВМРО-ДПМНЕ донесен на 12 октомври 1997 година.
    Член 98
    Овој Деловник влегува во сила на денот на неговото донесување.
    blogger

    0 коментари:

    Post a Comment

    Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

     
     
     

    Следете не на G+

    Следете не на youtube

    Следете не на фејсбук

    Следете не на flickr

    Следете не на твитер

    Следете не на Pinterest