Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Tuesday, March 25, 2014

УМС на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Делчево во подршка на Тим Македонија во Охрид

Во понеделник 24.03.2014 година членови на  Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Делчево, пропатуваа над 650 километри да му искажат подршка на досегашниот и идниот претседател на Република Македонија, г-динот Ѓорге Иванов.
Со тоа активно се вклучија во #ТимМакедонија кој ценејки по атмосферата на овој прв митинг за претставување на досегашните дела но уште поважно, идните  проекти за #ДржаватаПредСе- поуспешна и просперитетна Република Македонија.
Овој почетен митинг на кампањата на Тим Македонија, кој традиционално започнува во Охрид, претставуваше целосно нов начин на организација и презентација на политиките на нашата партија.
На митингот можеа да се забележат особено позитивни новитети и нови технологии за реализација на еден митинг онака како што му доликува на еден претседателски кандидат во модерните светски трендови. Со отворено мобилно студио кое известува од терен, со гости пред и за време на митингот, директен пренос, преку социјалните мрежи оваа кампања на Тимот Македонија претставува сосема ново ниво на презентација, со масовна комуникација со сите граѓани во Република МАкедонија но и надвор од државата, оваа кампања претставува вустинско освежување во начинот на водење на кампања, не само за македонски рамки.
Сето ова проследено со масовна подршка на Ѓорге Иванов и Тим Македонија од над 50000 посетители на овој митинг, претставува достоен почеток на една масивно подржана кампања за било кој до сега претседателски кандидат на Република Македонија.




Секако оваа подршка не е случајно постигната... Во изминатиот период Претседателот Иванов посетувајки најголем број на населени места во државата, при тоа претставувајки го својот Отчет пред граѓаните, имаше можност да се сретне со голем број на граѓани и директно да поразговара за различни аспекти на својата работа. Граѓаните во Иванов, гледајки го сегашниот и идниот претседател на Р.М. масовно се приклучуваа на неговиот победнички караван, притоа не ретко предлагајки и иницирајки нови идеи за подобрување на имиџот на државата како дома, така и во странство.

Оваа практика на директна соработка досега несвојствена за голем број на политичари, искрено се надеваме дека ке продолжи и во иднина, со што Македонија уште повеќе ке прерасне во центар на граѓанското општество, држава на горди Македонци, со просперитетна иднина.






На митингот покрај Ѓорге Иванов пред присутните се обратија и:
  • Кенан Хасипи-Претседател на Демократската партија на Турците во Македонија, 
  • Иван Стоилковиќ-Претседател на Демократската партија на србите во Македонија, 
  • Амди Бајрам-Претседател на Сојузот на ромите во РМ, 
  • Лилјана Поповска-Претседател на Демократската Обнова на Македонија, 
  • Павле Трајанов-Претседател на Демократскиот сојуз на РМ, 
  • Љупчо Димовски-Социјалистичка партија на РМ,
  • Alan De Lenoir-Претседател на пан-европската унија
како и Премиерот на Република Македонија, г-динот Никола Груевски.
Забележително беше и учеството на речиси целата македонска естрада како дел од караванот на Ѓорге Иванов кои на крај на митингот ја промовираа новата химна на неговата кампања.
Во продолжение проследете го целиот митинг во Охрид.


blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest