Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Wednesday, March 12, 2014

Прес центар:Интегрален текст 12.03.2014

Почитувани,
Немајки сопствени отворени денови за директна комуникација со граѓаните, раковотството на СДСМ во Делчево, слушнавме дека се вклучува во акцијата за доставување на предлози и идеи на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа како расипан грамофон кој свири постојано една иста музика, ги повторува проектите за кои општина Делчево има воспоставено конкретни рокови за реализација.

Иако во штабот на СДСМ знаат дека улицата Никола Јонков Вапцаров целосно ке се реконструира во тековниот месец за што е потпишан договор со фирма изведувач, сепак првенците на СДСМ во Делчево заглавени во безидејност и визија за политичко дејствување, ретерираат со промашени прашања за кои веќе ги знаат одговорите.
Сите досегашни предлози и идеи од граѓаните доставени до ВМРО-ДПМНЕ се земени во предвид во досега декларираните програми,  реално остварливите проекти се вклучени во истите со конкретни рокови за реализација. Оваа позитивна пракса на достава на квалитетни предлози од страна на сите граѓани на Делчево и Република Македонија до нас како партија продолжува тековно и истата ке се реализира и во иднина. Недостигот на капацитет на СДСМ за да спроведе ваква или слична акција е проблем чие шторешение раководството на оваа партија треба да го побара во сопствените редови.
Г-да од СДСМ... Ако подршката од над 700-тини потписи во Делчево соберени само за 4 часови за кандидатурата на Претседателот Ѓорге Иванов е мала, сакаме да ве прашаме колку потписи собра вашиот кандидат за негова подршка во Делчево? Дали вашиот кандидат знаејки дека нема подршка од граѓаните, криејки се зад потписите на вашите пратеници, за својата кандидатура избега од процесот за собирањето на потписи?
Можеби само во времето на СДСМ, во недостиг на знаење и стручност банкините на патиштата било планирано да се реконструираат со мермер а не со тампон-песок, па затоа воопшто и не ги реконструиравте и проширувавте.
Од ВМРО-ДПМНЕ ве уверуваме дека во целокупната здраворазумска теорија на градежништвото банкини на пат се реконструираат со песок со соодветен гранулат во јасно дефинирана постапка онака како што беше направено на патот кон село Габрово.
На страна Бр.8 од Отчетот за работата на Градоначалникот Шехтански јасно пишува дека во тек е реализација на проект за набавка на ново комунално возило... Во СДСМ или не знаете да читате или не сакате да читате, па излегувате со смешни квалификации дека некој кој само вам ви е познат се фалел дека веќе е набавено ова возило.
Паушалните изјави за сиромаштија, иселување и невработеност во Делчево ги сметаме за крајно неодговорни и лицемерни од страна на СДСМ како партија која ја спроведе мрачната транзицијата со која во насшиот град без работа останаа над 1700 лица само во период од 1995 до 1997 година.
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest