Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Thursday, February 20, 2014

Во СДСМ-Делчево паника!-Градоначалникот Шехтански започна да реконструира тротоар

Во последно време забележителна е чудна појава кај членови, функционери и активисти на ОО СДСМ во Делчево, кои со своите изјави и постапки во јавноста како да сакаат да ги блокираат и девалвираат сите проекти на Градоначалникот на Општина Делчево, г-динот Дарко Шехтански. Последен ваков трагичен "бисер" доаѓа лично од брачниот другар на Претседателката на СДСМ во Делчево кој на социјалните мрежи го искоментира следното:

"По трет пат го редат и прередуваат,белки сега ке го израмнат.Важно е нешто да се прикаже дека се работи."

коментирајки на објава на албум на приватен фејсбук профил во кој беа прикажани повеќе фотографии од реконструкцијата на тротоарот долж булеварот М.М. Брицо во центарот на Делчево.
Со овој коментар, сопругот на претседателката на СДСМ во Делчево ставајки во улога на критизер на работата на Градоначалникот Шехтански, веројатно поради негова лична неинформираност и нестручност за градежништво, како лице стручно за шуми и шумарство, земјените работи во месеците декември 2013 и јануари 2014 година за покривање на новите водоводни цевки му заличеле на реконструкција на тротоар. 
Замената на азбестните цевки беше проект кој што е вклучен во Отчетот на Градоначалникот Шехтански прикажано на сл. фото
Тоа се истите оние азбестни цевки кои СДСМ никогаш не се ни обиде да ги менува, со потребната динамика кога тие беа на власт. 
Со тоа воден од неговото лично незнаење и неинформираност, овој г-дин, веројатно за здобивање на повисок партиски углед кај неговата сопруга и нивни истомисленици, пренесувајќи лажна дезинформација дека по двапати се реконструира тротоар, сака да се наметне себеси како гласен противник на работата на градоначалникот, притоа не водејки сметка колку од неговото кажување има врска со вистината.
А таа е сосема различна од она што посакуваат во СДСМ. Таа се состои од фактот дека пред 2 месеци се реконструираше водоводот под овој тротоар, а постојните бекатон плочки беа наредени со цел граѓаните да не газат по кал (вклучително и активистите на СДС) до дека не се започне со темелна реконструкција (што деновиве се прави) кога ке дозволат временските услови.
Иако на СДСМ како и секаде во државата, не им одговараат фактите ке посочиме неколку во продолжение:
  • Г-да од СДСМ! Тротоарот во јануари месец не се реконструира, во услови кога земјата беше замрзната и особено не од екипи на ЈПКД Брегалница кои се специјализирани за водовод и канализација, туку предмет на реконструкција беа абестните цевки! 
  • Како и кај секој градежен објект, за работа се потребни оптимални временски услови или вонредни градежни мерки кои обично чинат скапо.
  • Парите обезбедени за реконструкцијата на овој водовод од страна на Владата на Република Македонија, беа со рок на користење до крајот на 2013.
  • Во јануари 2014 година старите бекатон плочки беа наредени единствено за граѓаните (и членовите на СДСМ) да не газат кал за време на празниците се додека не се создадат оптимални услови за работа.
  • Со создавањето на оптималните услови за работа, тротоарот почна да се гради.
  • Е сега тоа му пречи на СДС односно СДС не сака да се реконструира овој тротоар....Разбирливо!
  • За СДС ке биде најдобро институциите ништо да не работат, со што ке може да им парираат на проектите од времето на владеење на СДС.
Потоа сакаме да прашаме:
  • Каде се тротоарите од времето на СДС во Делчево? Колкава е нивната површина? Ајде да споредиме бројки!
  • Доколку, во несоодветни теренски услови за работа не се наредеа старите бекатон плочки дали СДС ке беше задоволен од ваквото постапување?
Желбите да не се гради ништо во Делчево, на членови и функционери на СДСМ можеби  се релевантни во нивните политички кругови, но не и за актуелната политика на ВМРО-ДПМНЕ, која работи за доброто на граѓаните со сите средства и активности.
За крај на оваа реакција сакаме да истакнеме дека овој вид на интернет "пелтачење" наликува единствено на паника пред претстојните избори, за чиј исход е се поевидентно дека во СДС ке ги изгубат и тоа покатастрофално од сите претходни изборни циклуси заедно.
Наместо да се свртат во предлагање на квалитетни решенија за подобрување на животот на граѓаните, политиката на СДС се сведува во обиди за конструкција и негирање на било кој проект за граѓаните на Делчево, вклучително и погоре споменатите проекти за реконструкција на тротоарот и менување на азбестните цевки.
И со СДСМ и без нив тротоари ке се градат, ке се менуваат водоводни цевки, ке се подобрува стандардот на граѓаните.
Нивната паника од квалитетни проекти на Градоначалникот Шехтански е нивна лична фрустрација, и подобро ке биде да си ја чуваат исклучиво за замајување на нивното членство.
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest