Во вторник 23.10.2012 по повод Денот на македонската револуционерна борба Членови на општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ спроведоа акција за засадување на 700 нови садници на локација во атарот на селото Очипала во непосредна близина на регионалниот пат М5.
Оваа акција е реализирана во соработка со ЈПКД Бргалница од Делчево, кои обезбедија алат за работа и механизација, како и ЈП Македонски шуми -подружница Голак, кои го обезбедија садниот материјал од 500 млади садници бор како и 200 броеви друг вид на садници. Голема благодарност за директорите на овие две јавни претпријатија. УМС на ВМРО ДПМНЕ ОК Делчево ја спроведе оваа акција под мотото "Засади дрвце за својата иднина" со порака дека ваквите акции треба да бидат што поредовна пракса за младите делчевчани, водејки сметка за подобра и почиста заедничка иднина за нашиот град. Во иднина ке следуваат уште повеќе вакви и слични акции за подобрување на квалитетот на животната средина, но и подигање на свеста кај сите млади граѓани на општина Делчево, за да дадат свој личен придонес за постигање на оваа цел.Се планира оваа акција на пошумување да прерасне во традиционална секоја година по повод овој денешен голем македонски празник. Револуционерна борба со благородни дела, достојно за иднината....
Остатокот од фотографиите од оваа акција може да се погледаат на нашиот Google+ профил на сл. линк тука.
Остатокот од фотографиите од оваа акција може да се погледаат на нашиот Google+ профил на сл. линк тука.
0 коментари:
Post a Comment