Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Wednesday, February 22, 2012

Одбележување на светскиот ден на мајчиниот јазик


Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Делчево во вторник 21.02.2012 година ја реализираше акцијата за одбележување на Светскиот ден на Мајчиниот јазик, во центарот на Делчево. Членовите на младинскиот подмладок на ВМРО ДПМНЕ од Делчево на поставен штанд на сличајните минувачи-граѓани на општина Делчево им делеа промотивни летоци, на кои беа испишани пораки за негување и почитување на мајчиниот јазик помеѓу сите граѓани во општината. Исто така на граѓаните им беа потенцирани повеќе суштински работи околу значењето на овој ден, како и огромната потреба од користење на мајчиниот јазик и неговото писмо во секојдневна употреба, особено во денешната ера на масовна глобализација, како преку глобалните медиуми за масовно комуницирање, така и во процесите кон кои се стреми нашата држава.
Мајчиниот јазик е она што не квалификува она што сме и како еден од основните елементи за постоењето на еден народ, треба соодветно да се вреднува и валоризира, паралелно, со неговата подршка и афирмација во Република Македонија, но и секаде во светски рамки.
Оваа акција за одбележување на овој ден Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ ја одбележува ширум државата во сите градови во РМ со што на едно национално ниво се истакнаа јасната и цврста определеност за зачувување, но и унапредување на мајчиниот јазик за сите Македонци, каде тие и да се.
Во продолжение следува галерија од фотографии од оваа акција.
Албум: Одбележување на светскиот ден на мајчиниот јазик
blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest