Унија на млади сили
ВМРО ДПМНЕ ДЕЛЧЕВО

Официјална фејсбук страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Официјална фејбук страна на Никола Тодоров

Friday, October 22, 2010

Одржана трибина на тема Младински политики на членови на Извршен комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ



Во недела 17.10.2010 година во фоајето на Спомен домот АСНОМ се одржа трибина под наслов МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ на која учесници беа членови на Извршниот комитет на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Трибината започна во 15.00 часот и на неа присутни беа потесното раковотство на Општинскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ во Делчево, како и истакнати млади членови, и активисти на партијата.
Трибината започна со воведно излагање на споменатата тема на г-дин Кирил Пецаков-член на ИК на УМС на ВМРО ДПМНЕ, кој говореше за целокупното значење на младите и нивната улога во општествените процеси на државата, во целост, како и акцентот и можностите кои им се даваат на младите во креирањето на младинските политики и пракси, во глобалната политика на ВМРО ДПМНЕ, и работата на Владата на Република Македонија, предводена од Претседателот г-дин Никола Груевски.
Трибината продолжи со излагањата на уште двајца членови од Највисокото раководно тело на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ кои говореа во глобала за континуитетот на постоењето на вистинските вредности во однос на стратешки најзначајните прашања за Македонското општество, од минатото, сегашноста и секако во иднина кај најголемиот подмладок на една политичка партија на Балканот, а тоа е подмладокот на ВМРО ДПМНЕ во Македонија. Со огромна доза на излив на патриотизам, во сублимат со конкретни мерки преку активности и постапки, говорниците ги претставија нашироко познатите проекти на Владата на Република Македонија од нејзиното конституирање, кои во основа биле иницирани и реализирани индиректно или директно од страна на младите членови на УМС на ВМРО ДПМНЕ, како илустрација на себеостварувањето на младиот човек во рамките на македонското општество.
Огромно е влијанието на младите во политиката на ВМРО ДПМНЕ и ова е единствената партија која на ваков пиадестал ги издигнува младите луѓе од Македонија, финишираа модераторите на оваа трибина.

На крај трибината заврши со отворена дискусија, со прашања и одговори помегу публиката од Делчево и гостите, и во најпријатна атмосфера се постигнаа заклучоци за вложување на уште поголема енергија и помасовен прием на идеи, активности и развивање на можности помеѓу младите како во Делчево, така и во целата наша држава.


blogger

0 коментари:

Post a Comment

Официјална фејсбук страна на Претседателот на Р. Македонија

 
 
 

Следете не на G+

Следете не на youtube

Следете не на фејсбук

Следете не на flickr

Следете не на твитер

Следете не на Pinterest